Загриженост кај граѓаните поради информациите за наводна контаминација на скопската вода со бактеријата ешерихија коли изрази и специјалистот по интерна медицина и клиничка токсикологија од Универзитетската клиника за токсикологија, Нико Бекјаровски.
Тој сподели дека во текот на денот добил голем број телефонски повици од загрижени граѓани, пријатели и познаници кои барале информации за наводната појава на бактеријата во водоснабдителниот систем.
Бекјаровски вели дека не верува оти шпекулациите се точни, но апелира надлежните институции јавно да се произнесат и да ги презентираат резултатите од анализите.
Според него, неопходно е граѓаните да добијат официјални и со докази поткрепени информации, бидејќи ширењето непроверени тврдења создава страв и недоверба.
„Јас водата од чешма и денес, како и сите овие години, без никаков страв ја консумирам“, порача Бекјаровски.
Тој посочи и дека изворот Рашче претставува едно од најголемите богатства на Скопје и затоа, како што нагласува, треба да се заштитува и чува.
Непоткрепена порака за ешерихија коли во водата за пиење шири паника низ Скопје, „Водовод“: Сите примероци се исправни
Порака со непоткрепено тврдење дека во водата во Скопје е пронајдена бактеријата ешерихија коли се шири меѓу граѓаните, медиумите и на социјалните мрежи, создавајќи вознемиреност. Во пораката нема ниту лабораториски наод, ниту информација која институција наводно ја открила бактеријата, додека последниот дневен мониторинг на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје покажува спротивно – сите испитани примероци од градскиот водоснабдителен систем ги исполнуваат барањата за безбедност и квалитет на вод
Скопје | пред 8 часа