Промени тема
Контакт

Недостиг на гориво во Москва: бензинските станици воведоа нови ограничувања

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Свет
benzine

Ограничувањата за продажба на гориво повторно се воведуваат на бензинските станици во Москва поради недостиг на бензин, предизвикан од украинските напади со дронови врз руските рафинерии, но и од зголемената сезонска побарувачка.

Проблемите со снабдувањето започнале во мај, а до јули се прошириле во поголем број руски региони. Во Москва ограничувањата во јуни накратко биле ублажени, но повторно се воведени по влошувањето на состојбата. На терен се забележани и долги редици пред бензинските станици во Москва и околината.

— реклама —

Украина со нападите врз руските рафинерии настојува да ги намали приходите на Москва од енергетскиот сектор и да ги отежне нејзините воени напори. Руските власти, од друга страна, преземаат мерки за зголемување на домашното снабдување, меѓу кои забрана за извоз на бензин и дизел, олеснување на одредени барања за квалитетот на горивото и увоз на нафтени деривати.

На автоматските бензински станици на „Газпром Нефт“ во Москва, продажбата на бензин и дизел е ограничена на 40 литри по купувач. На останатите станици на компанијата, за дизелот нема ограничување, додека бензинот е ограничен на 60 литри по возило.

— реклама —

„Роснефт“, најголемиот руски производител на нафта, соопшти дека на сите свои бензински станици во земјата продажбата на бензин е ограничена на 30 литри по возило, додека за дизелот нема ограничување. Компанијата предупреди и на подолги чекања поради зголемената побарувачка.

— реклама —

Ограничувања воведе и „Лукоил“ во Москва и околината, повикувајќи се на зголемена побарувачка, вонредно одржување на рафинериите и потребата да се обезбеди стабилно работење на бензинските станици. „Татнефт“ ја ограничи продажбата на бензин на 50 литри по возило.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryh6lpk7rjt4rkenrhsf3

Фицо: Некои западни политичари сакаат да предизвикаат војна меѓу Русија и НАТО

Свет | пред 8 часа

— реклама —
media-libraryh66i1s7p14t40xNVJYV

Поранешна членка на Pussy Riot: ФСБ ме уценуваше да шпионирам активисти и да намамам човек во Србија

Свет | пред 8 часа

media-library68u9pom0ct157uZAABd

(Видео) Масовен напад врз Москва: Соборени 249 дронови, погодена нафтена рафинерија

Свет | пред 8 часа

media-libraryi41t2othk7fv2aCZOar

Над 40 отсто излезност по вториот ден од изборите во Русија

Свет | пред 9 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања