Промени тема
Контакт

Недоволно зготвен грав може да биде опасен по здравјето, предупредуваат од Европската агенција за безбедност на храната

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Македонија
media-libraryru8bdqlvnshie7Z2DgI

Европската агенција за безбедност на храната предупредува дека недоволно зготвениот грав може да претставува здравствен ризик поради присуство на лектини. Од Агенцијата за храна и ветеринарство апелираат мешунките задолжително да се потопуваат и добро да се варат за да се избегнат гастроинтестинални проблеми и други здравствени последици.

„Изложеноста на потрошувачите на лектини во недоволно зготвен грав може да претставува здравствен ризик, заклучи Европската агенција за безбедност на храната – ЕФСА по направената проценка за ризикот по јавното здравје поврзан со присуството на лектини во храната. Проценката е направена на барање на Европската комисија, во контекст на болестите кои се пренесуваат преку храна, а се поврзани со консумирање сирови или недоволно зготвени мешункасти плодови од страна на потрошувачите, најголем дел од оние кои користат диети базирани на сирови или минимално зготвени растенија. Лектините се група протеини кои се природно присутни во многу растенија, како што се мешунките, житарките и зеленчукот. Тие ги штитат растенијата од штетници и болести. Повеќето лектини се безопасни, но, некои, главно оние што се наоѓаат во сирови мешунки, можат да предизвикаат гастроинтестинални симптоми, а имаат влијание и врз имунолошкиот систем.

— реклама —

Според проценката на Панелот за контаминанти во синџирот на исхрана на ЕФСА, направена врз основа на евалуација на потенцијалната штета предизвикана од лектинoт фитоемаглутинин (PHA) кој се наоѓа во гравот и е најтоксичниот лектин меѓу најчесто консумираните јадливи растенија, како и со проценка на изложеноста на потрошувачите на него, гравот кој не е доволно зготвен претставува здравствен ризик за луѓето од сите возрасни групи. Лектинoт фитоемаглутинин (PHA) ако уште е присутен во активната форма може да предизвика гадење, повраќање, болка во стомакот и дијареја, како симптоми поврзани со консумирање сирови или недоволно зготвени мешунки. Врз основа на спроведени студии на животни, научниците го сметаат[СП1] ефектот на PHA врз тенкото црево како најкритичен здравствен ефект.

За да ги избегнат потенцијалните здравствени ризици, согласно проценката на ЕФСА, најефективен начин за намалување на поголемиот дел од лектините во мешунките е нивно потопување во вода од 6 до 12 часа додека не омекнат, потоа менување на водата и варење најмалку половина час на 100° C. Бидејќи времето на подготовка зависи од видот на мешунките, препорачливо е тие да се готват се додека не станат меки. Други домашни методи на готвење, како што се готвење на пареа, во микробранова печка и печење, според ЕФСА се помалку ефикасни“, велат од АХВ.

— реклама —
— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library1utdbj34k1ql5vkxb41

Спречен увоз на 27,5 тони млеко од Косово поради зголемено присуство на афлатоксин

Македонија | пред 3 седмици

— реклама —
media-library6m18ccn6rfco5GQOeD9

АХВ ги демантира тврдењата за отворени јами: „Секоја веднаш се затрупува и дезинфицира“

Македонија | пред 1 месец

ovci

Сипаници кај овци и кози: АХВ спроведува контроли, се разгледува можноста за вакцинација

Македонија | пред 1 месец

media-libraryd822mp5i86b1fpABN3C

Фрлил цело легло мачиња во парк, па доби казна од 550 евра: Изречена првата казна за напуштање новородени животни во Македонија

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања