Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Некој тука лаже, АНБ веднаш да ја декласифицира документацијата за случајот со прислушувањето, бара СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
filipce-ck-sdsm

СДСМ побара Агенцијата за национална безбедност (АНБ) без одлагање да ја изврши декласификацијата на целата документација поврзана со случајот што, како што велат, власта се обидува да го претстави како афера за прислушкување.

— реклама —

„Власта да не бега од вистината, АНБ веднаш да направи декласификација. Не е точно дека преку судска постапка треба да се декласифицираат документите, тоа е само алиби и параван зад кој се крие вистинската намера на власта. Законот е јасен – ‘тој што класифицира, тој и декласифицира’. Во овој случај тоа е АНБ и тоа треба да се направи веднаш“, соопштија од СДСМ.

— реклама —

Според партијата, недозволиво е во јавноста да се фрлаат обвинувања без факти и докази, бидејќи таквото однесување ја поткопува довербата во институциите и остава сомнеж за манипулација со политички мотиви.

— реклама —

„Како е можно премиерот Мицкоски да тврди дека бил прислушуван, а директорот на АНБ Христовски да кажува друго – дека станува збор за прибирање информации за таргетирани лица? Некој тука свесно лаже. Само преку декласификација јавноста ќе ја увиди реалноста и ќе се види дали и кој правел злоупотреби“, истакнаа од СДСМ.

— реклама —

Тие предупредија дека доколку не се направи декласификација, ќе се потврди дека целиот случај е креиран за партиски цели и политичка злоупотреба на ВМРО-ДПМНЕ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryeuq4jrnkcll31UrbjKu

„За Алта банка Савески да почне од Мицкоски и Славески – сметките и трансакциите мора да се испитаат веднаш“, вели СДСМ

Македонија | пред 3 часа

— реклама —
media-library3aajff2mnjk379UVxvN

„Постојат ли 80 милиони евра во Алта банка Битола и во кое својство преговара Мицкоски?“, велат од СДСМ

Македонија | пред 1 ден

media-libraryvosnvn9kcs6604GYNY3

„Славески, имаш уште малку време да го пријавиш Мицкоски, потоа ќе биде касно!“, вели СДСМ

Македонија | пред 1 ден

media-librarymg9pbfsb39nqdl0fWU1

СДСМ: Ги поддржуваме војниците – ќе поднесеме законско решение за нивните барања

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања