Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Нема активни пожари во Македонија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-libraryr51a34b32en5bmhrbQt

Центарот за управување со кризи информира дека во периодот од 24 до 25 септември, до 07:30 часот, во Македонија биле регистрирани вкупно 18 пожари на отворен простор.

— реклама —

Од нив, нема активни пожари, еден е ставен под контрола, додека 17 пожари се изгаснати.

Под контрола останува пожарот во подрачјето на селото Белица, на местото викано Кајорец, во Општина Македонски Брод, кој се проширил кон Јасен во Општина Сопиште. Зафатени се нискостеблеста и мешана шума.

— реклама —

Во текот на деноноќието биле изгаснати пожари на повеќе локации низ државата, меѓу кои во Сарај, Љуботен, на улицата „Народен Фронт“ во Центар, како и во Лавци – Брусник, Могила и Мало Коњари.

— реклама —

Пожари биле регистрирани и во Габрово кај Струмица, Калаузлија, Заграчани, во близина на фабриката „Магна“, Коњари кај Дебар, Раштани – Превалец, Речица и на депонијата Краста во Куманово.

Интервенции имало и во Порој, како и во Врапчиште – Топлица и Сенокос. Најголем дел од пожарите зафатиле ниска вегетација, а на одделни места гореле стрништа, грмушки, отпад, лозје или депониски материјал.

— реклама —

Според последната информација на ЦУК, во моментов нема активни пожари на отворен простор.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryuejkus7f7odsdN2DEB5

ЦУК со апел: Бројот 112 користете го само за итни случаи

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
media-libraryg9g003g5e052cDjp05t

Дождот и маглата ги заробиле на Пирибег: ЦУК координирал акција за спасување на двајца странски планинари

Македонија | пред 1 месец

media-library79udkma0epe17GL70Xf

Осум пожари и натаму активни низ земјава, ЦУК регистрирал вкупно 21 пожар

Македонија | пред 1 месец

media-libraryj61haa5vc1i8cKYUxJs

Пожар кај Јаболчиште, гори букова и дабова шума

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања