Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Нема активни пожари во Македонија, под контрола пожарот кај Белица и Јасен

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-libraryfqak0nlofmne1XbCJ8g
Илустрација

Вкупно 12 пожари на отворен простор се регистрирани во Македонија во периодот од 15 до 16 септември, до 07:30 часот, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Според информациите, во моментов нема активни пожари. Еден пожар е ставен под контрола, додека останатите 11 се целосно изгаснати.

— реклама —

Пожарот што е под контрола е на подрачјето на Општините Македонски Брод и Сопиште, кај селото Белица, во местото Кајорец, од каде што се проширил кон Јасен. Зафатени се нискостеблеста и мешана шума.

— реклама —

Во Општина Теарце бил регистриран пожар кај Нераште, каде што горело ѓубре, додека во Ерџелија, Општина Свети Николе, гореле ниска вегетација и ѓубре.

Во Општина Велес биле изгаснати пожари кај селата Раштани и Белештевица, со зафатена ниска вегетација. Пожар со ѓубре бил регистриран и на Кејот на Вардар во Општина Карпош.

— реклама —

Во Долно Свиларе, Општина Сарај, гореле ниска вегетација и мешана шума, додека во Трубарево, Општина Гази Баба, пожарот зафатил ниска вегетација и ѓубре.

Пожари биле изгаснати и во Десово, Општина Долнени, кај „Економијата“ на затворот во близина на Битола, во Агино Село, Општина Куманово, како и во Дељадровци и Мршевци, Општина Илинден. Во сите овие случаи горела ниска вегетација.

Уште еден пожар во Општина Гази Баба бил регистриран во Стајковци, каде што горела ниска вегетација.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryg9g003g5e052cDjp05t

Дождот и маглата ги заробиле на Пирибег: ЦУК координирал акција за спасување на двајца странски планинари

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
media-library79udkma0epe17GL70Xf

Осум пожари и натаму активни низ земјава, ЦУК регистрирал вкупно 21 пожар

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryj61haa5vc1i8cKYUxJs

Пожар кај Јаболчиште, гори букова и дабова шума

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryhh5dg8plv2epeFdas1H

Четири активни пожари во Македонија, два се под контрола

Македонија | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања