Промени тема
Контакт
LANDOV Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! 2:18:21 Гледај на LANDOV.MK

Нема активни пожари во земјава

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 седмици -

Македонија
media-libraryhh5dg8plv2epeFdas1H
Илустрација

До 07:30 часот денеска, Центарот за управување со кризи регистрирал вкупно 24 пожари на отворен простор во периодот од 23 до 24 септември. Од нив, 23 се изгаснати, еден пожар е под контрола, а активни пожари нема.

— реклама —

Пожарот што е под контрола е регистриран во општините Македонски Брод и Сопиште, кај селото Белица, во местото „Кајорец“, од каде што се проширил кон Јасен. Зафатена е нискостеблеста и мешана шума.

— реклама —
— реклама —

Од останатите 23 пожари, повеќето биле на ниска вегетација, грмушки, сува трева, стрништа и отпад. Пожари биле регистрирани во повеќе општини, меѓу кои Бутел, Сарај, Битола, Кривогаштани, Струмица, Босилово, Радовиш, Охрид, Дебарца, Дебар, Градско, Свети Николе, Брвеница, Желино, Шуто Оризари, Прилеп, Куманово и Неготино.

Во неколку случаи биле зафатени и депонии, стара напуштена куќа, електрична бандера и броила, како и железнички прагови. Пожари биле регистрирани и кај полигонoт Криволак, во атарот на селото Згрополци кај поранешната фабрика „ХИВ“, како и на подрачјето на Охрид.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryg9g003g5e052cDjp05t

Дождот и маглата ги заробиле на Пирибег: ЦУК координирал акција за спасување на двајца странски планинари

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
media-library79udkma0epe17GL70Xf

Осум пожари и натаму активни низ земјава, ЦУК регистрирал вкупно 21 пожар

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryj61haa5vc1i8cKYUxJs

Пожар кај Јаболчиште, гори букова и дабова шума

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryhh5dg8plv2epeFdas1H

Четири активни пожари во Македонија, два се под контрола

Македонија | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања