Промени тема
Контакт

Спорните серии на БСЖ вакцината се искористени до јуни, нема документирани несакани ефекти, тврди Клековски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 часа -

Македонија
media-librarybk2pgsjtf19e4hf8Zwp
Илустрација / Скопје1

Вакцинацијата со БСЖ вакцината ќе продолжи непрекинато, а Министерството за здравство во соработка со УНИЦЕФ ќе обезбеди понатамошна достапност на вакцината, информираше министерот за здравство Сашо Клековски.

— реклама —

Во изјава за медиумите, Клековски посочи дека станува збор за сериите на БСЖ вакцината со број 6831 од 22 декември 2022 година и серија 807-1 од 11 декември 2023 година. Според него, двете серии биле целосно искористени до летото годинава.

— реклама —

„Во нашата држава нема документирани несакани ефекти поврзани со примена на овие серии. Министерството, заедно со надлежните институции, спроведува дополнителни анализи, а јавноста ќе биде навремено информирана за нивните резултати“, изјави Клековски.

Тој ги повика родителите да продолжат со редовната вакцинација на децата согласно Календарот за имунизација.

— реклама —

„Вакцинацијата останува најсигурната заштита за здравјето на нашите деца“, потенцираше министерот за здравство.

— реклама —

Од Министерството посочуваат дека вакцинацијата со БСЖ ќе продолжи без прекин, во соработка со УНИЦЕФ, додека дополнителните анализи за сериите ќе продолжат.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryq3ljigagiqbd3LStkzs

Привременото одложување на БСЖ вакцината е мерка на претпазливост, а не доказ дека вакцината е небезбедна, објаснува епидемиологот Даниловски

Македонија | пред 7 часа

— реклама —
vakcina-dete1

БСЖ вакцинацијата привремено одложена во Македонија по четири случаи на ретко воспаление на коските во Хрватска, се проверуваат сериите и квалитетот

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања