Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

„Нема ни прободени, ни мртви, ниту инциденти“, вели охридската полиција по тврдењата за инциденти на настап во Охрид

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Охрид
Screenshot-2024-08-01-at-14.15.48

Охридската полиција не интервенирала на никаков начин во охридскиот клуб каде настапи српскиот рапер Војаж, вели Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид за „Скопје1“. Според него, немало ниту пријави, ниту било какви инциденти од било каков карактер. Посочува дека објавите за наводни прободени со ножеви се лажни вести.

— реклама —

„Имало интервенција само на медицинска екипа, еден два случаи на алкохолизираност. Полицијата нема никаква интервенција во тој објект. Нема ниту пријавено нарушување на јавен ред и мир“, вели Димоски за „Скопје1“.

На социјалните мрежи од утринава се споделуваат објави за наводо прободени лица, како и голем број починати. Ова направи вознемиреност кај јавноста.

— реклама —

Дополнително, српскиот рапер објави и дека му бил прекинат настапот.

IMG_0602-1

(Фото) „Интервентна полиција прекина забава во Охрид“, српскиот рапер се пожали дека го симнале од сцена

Познатиот рапер Војаж кој наполни охридски клуб до последно место, морал да го прекине настапот. За ова соопшти самиот на социјалните мрежи. Тој посочува дека причината е интервенција на полицијата. Неточни се шпекулациите за било какви инциденти со убиства.„Поради претераната посетеност и безбедносната проценка на државните органи, Интервентната едниница реагираше и го прекина мојот настап и ме симна од сцена“, објави тој.Војаж и се заблагодари на публиката.„Охрид, бевте прекрасни, навистина ми е жал што настапот беше прекинат бидејќи енергијата беше неверојатна. Но не можеме против одлуките на државните органи. Јас се надевам дека наскоро ќе можеме да го надохнадиме ова, и да направиме поголем спектакл“, додаде тој.

Магазин | пред 1 година

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library0vobi9l4vm2abKJJoNO

(Видео) Преживеана жена сведочи како била давена во Челопек: Ме гушеше за да не викам, но не се давав

Настани | пред 3 седмици

media-libraryc4njdlp79atp2skWkOm

„Две овци нацртани да му дајш да чуват, едната одма ќе му избегат“, остра критика за Советот на обвинители кој за сите даде позитивно мислење

Коментари | пред 3 седмици

media-libraryitk0hbd9he31bwOhrmG

Казна за туѓо моторче: скопјанец раскажува за „Безбеден град“ и шест дена по шалтери

Македонија | пред 3 седмици

media-library6b15u79sfgu8eZdKazH

(Фото) Запален камион кај Хиподром по судир со автомобил, сообраќајот во застој од Миладиновци

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања