Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

Нема веќе одење во Царина за потврди за царински долг, Централен регистар со еден клик ги гледа електронски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Македонија
CARINA-GRANICNI-PRELAZ-710x400

Хартиените потврди за царински долг кои се потребни за упис и промени на правниот субјект во Централниот регистар стануваат минато. Централниот регистар со само еден клик ги добива овие податоци од Царинската управа електронски во реално време, што за фирмите и граѓаните значи заштеда на време и ресурси. Истовремено на овој начин овозможуваме безбедност, интегритет и точност на обезбедените податоци со што делуваме во насока на сузбивање на можни измами. Ова го истакна директорот на Царинска управа, Бобан Николовски на заедничка прес-конференција со директорката на Централен регистар, Анита Стамнова, на којашто беше промовирана ваквата новина во работењето.

На годишно ниво се издаваа во просек од седум до девет илјади хартиени потврди за царински долг. Ова значеше пет до десет дена за обработка на секое барање, што за фирмите и граѓаните низ цела држава претставуваше административен товар. Сега, граѓаните нема да мораат веќе да доаѓаат лично до централната управа во Скопје или да ангажираат адвокати кои ќе им ги вршат овие услуги во нивно име и за нивна сметка.

— реклама —

„Со овој чекор, јасно ги покажуваме нашите заложби за создавање подобри услови за водење бизнис, преку намалување на бирократските процедури и зголемување на ефикасноста на администрацијата, како едно од клучните ветувања пред бизнис заедницата. Бизнисот нема време за чекање, а ние како институции сме должни и јасно ги демонстрираме нашите напори кон создавање одржливо општество во кое економскиот раст ќе биде движен од зголемената ефикасност и доверба во системот“, потенцира Николовски.

Директорката на Централен регистар, Анита Стамнова вели дека успешно е завршена првата фаза од проектот за надградба на Едношалтерскиот систем со обезбедување на доказ за платени царински давачки по службена должност во постапките за упис на промена - пренос на удел.

— реклама —

„Централниот регистар и Царинската управа остануваат посветени на трансформација на услугите со фокус на корисниците и нивните потреби, користејќи модерни дигитални технологии за овозможување на поедноставни и поефикасни услуги. Во оваа насока продолжуваме да ги развиваме нашите услуги и ги охрабруваме сите чинители во давањето на јавни услуги за бизнисите и граѓаните на меѓусебна соработка со цел имплементација на поефикасни електронски услуги, односно градење на функционален систем на јавни услуги како основа за враќање на довербата во институциите на нашата држава“, истакна директорката на Централен регистар, Анита Стамнова.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryr5e4vuecd890dV3BfMt

Запленети 26 парчиња златен накит вреден 1,3 милиони денари на граничниот премин Табановце

Македонија | пред 15 часа

media-libraryo1t470h6ap4d3oLL9Qn

(Видео) Спречен обид за шверц на накит „Сваровски“ вреден 333.000 денари на скопскиот аеродром

Македонија | пред 1 ден

media-libraryhc8dikk9fet0c04EaDk

(Видео) Косовски државјанин се обидел да прошверцува 2.000 медицински препарати скриени во кабина на товарно возило

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryctp5eon0scguaIvnjoG

ЕУ воведе царина од три евра за онлајн пакети до 150 евра

Свет | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања