Промени тема
Контакт

Ненад Димитријевиќ е нов член на Арис

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Спорт
media-libraryjq1du7msb8lqf2iViOS
wikimedia commons

Македонскиот кошаркарски репрезентативец Ненад Димитријевиќ и официјално е нов член на грчки Арис, откако клубот од Солун го потврди неговиот трансфер.

Димитријевиќ потпиша двегодишен договор и во новата сезона ќе работи под водство на легендарниот грчки кошаркар Василис Спанулис, кој летово ја презеде тренерската функција во Арис.

— реклама —

„Кошаркарскиот клуб Арис со задоволство објавува дека Ненад Димитријевиќ е нов член на нашиот тим во следните две години. Играчот доаѓа од рускиот Зенит од Санкт Петербург, со кого беше под договор“, соопшти грчкиот клуб.

— реклама —

Иако формално беше играч на Зенит, македонскиот плејмејкер минатата сезона ја мина како позајмен кошаркар во Баерн Минхен. Во Евролигата просечно бележеше 11 поени, 2,3 скока и 4,1 асистенција по натпревар.

— реклама —

Со неговото доаѓање, Арис добива едно од најголемите засилувања пред новата сезона, во која клубот ќе се обиде повторно да се наметне во врвот на грчката и европската кошарка.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryk2b33depea7r9Am5W9B

„Црвено-жолтите“ доминираа во Виена и ја совладаа Австрија со 91-59

Македонија | пред 2 седмици

— реклама —
media-librarymats974lv0pi3A36r78

Пау Гасол со совет за Вембањама: Мора физички да зајакне

Спорт | пред 1 месец

media-librarymats974lv0pi3A36r78

Вембањама потпиша нов договор со „Најк“

Спорт | пред 1 месец

media-library9q204def4te71TlVihj

Големо признание за 16-годишниот Лукиќ – доби повик во сениорската репрезентација на Србија

Трендови | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања