„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Непознат напаѓач насилно упаднал во „Инфомакс“, загрозени биле новинарите за време на програма во живо

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-libraryh2hjdlraf6tg2GbH8T7

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) најостро го осудува бруталниот напад што синоќа се случил во редакцијата на „Инфомакс“ за време на емитување програма во живо, кога непознато лице насилно се обидело да влезе во студиото, сериозно загрозувајќи ја безбедноста на новинарите Александар Митовски и Милош Милошевски, како и на другите вработени.

— реклама —

Според информациите од редакцијата, напаѓачот пристигнал со такси во текот на емисијата, по што агресивно удирал и тропал на главната врата, која била заклучена и обезбедена со шифра. По кратко време успеал насилно да ја скрши и да влезе во дворот на медиумот. За време на паузата од емитувањето, новинарот Милош Милошевски излегол да провери што се случува, но напаѓачот продолжил кон другиот дел од објектот, каде принудно искршил уште една врата во обид да стигне до студиото.

Сведочењата на новинарите укажуваат дека лицето упатувало тешки навреди и закани по живот, а неговото насилно упаѓање довело и до насилен прекин на програмата, што претставува директно спречување на новинарите да ја извршуваат својата професионална должност и да ја информираат јавноста.

— реклама —

Ваквото однесување, потенцираат од ЗНМ, може да се опфати со член 382 од Кривичниот законик – „Спречување службено лице во вршење службено дејствие“, за што е предвидена казна затвор до три години, имајќи го предвид насилниот упад, уништувањето на инвентарот и попречувањето на работата на новинарите.

Инцидентот претставува сериозно нарушување на безбедноста на медиумските работници и фронтален напад врз слободата на изразување. ЗНМ потсетува дека е неопходно институциите да обезбедат сигурна и заштитена средина во која медиумите ќе можат да работат непречено.

Здружението бара најстрога санкција за сторителот, со цел да се спречат идни напади и да се испрати порака за нулта толеранција кон насилство врз новинари.

Очекуваат сите надлежни органи – полицијата, обвинителството и другите институции – да постапат професионално, брзо и без одлагање, за случајот целосно да се расчисти во најкус можен рок.

ЗНМ најавува дека ќе продолжи внимателно да го следи случајот и секогаш ќе реагира кога ќе биде загрозена безбедноста на новинарите и медиумските работници.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarye588bsv09g02bWiFeZk

Условена двегодишна казна затвор за лицето кое упадна во редакцијата на „Инфомакс“

Македонија | пред 1 седмица

media-librarye588bsv09g02bWiFeZk

Пациентот кој упадна во Инфомакс бил пресметлив кога тргнал да ги напаѓа: поднесено обвинение

Скопје | пред 3 седмици

media-libraryh2hjdlraf6tg2GbH8T7

(Видео) Пред да им упадне во студио, психијатрискиот случај им коментирал на „јутуб“

Настани | пред 4 седмици

media-librarye588bsv09g02bWiFeZk

Напаѓачот во „Инфомакс“ кршел врати, фрлал чаши и се заканувал со убиство: Обвинителството бара притвор

Македонија | пред 4 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања