Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Нетанјаху му се заблагодари на Јанша: Словенија ја блокираше заедничката изјава на ЕУ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Свет
media-library59kjhcqbmnm64WOjDTm
Benjamin Netanyahu/ ФБ

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху му се заблагодари на словенечкиот премиер Јанез Јанша откако Словенија не ја поддржа заедничката изјава на Европската унија со која се осудуваат израелските планови за проширување на населбите на окупираниот Западен Брег.

Нетанјаху на социјалните мрежи го пофали потегот на Јанша и го обвини Брисел за двојни стандарди.

— реклама —

„Му благодарам на премиерот Јанша за храброста и јасноста во услови на лицемерството на ЕУ“, напиша Нетанјаху, додавајќи дека Словенија е суверена држава и рамноправна членка на Европската унија.

За заедничката изјава на ЕУ била потребна согласност од сите земји-членки. Словенија не дала согласност, поради што Европската служба за надворешно дејствување можела да објави само изјава на високата претставничка на ЕУ за надворешна политика, Каја Калас, а не заеднички став на сите 27 членки.

— реклама —

Со изјавата требало да се осуди одлуката на израелската влада да распише тендер за изградба на повеќе од 1.200 станови за израелски доселеници во рамките на проектот Е1.

— реклама —

Станува збор за стратешки важно подрачје источно од Ерусалим. Поширокиот план предвидува изградба на околу 3.400 станови, а критичарите предупредуваат дека неговата реализација би ја прекинала територијалната поврзаност на палестинските области.

Потегот на словенечката влада, предводена од Јанша, го критикуваше и словенечката претседателка Наташа Пирц Мусар. Таа порача дека Словенија треба да го поддржи заедничкиот став на ЕУ и доследно да го брани меѓународното право.

— реклама —

„Меѓународното право не е прашање на политички избор и при неговото почитување не смее да има двојни стандарди. Тоа важи за сите“, порача Пирц Мусар.

Таа оцени дека проширувањето на израелските населби го крши меѓународното право, ја поткопува можноста за решение со две држави и ги намалува изгледите за траен мир.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

netanjahu

Нетанјаху се сомнева дека Турција и Катар финансирале мобилизирање арапски гласачи во Израел

Свет | пред 1 седмица

— реклама —
netanjahu

Нетанјаху тајно отпатувал во Абу Даби и се сретнал со претседателот на ОАЕ

Свет | пред 1 месец

netanjahu

Уапсени двајца мажи во Њујорк откако излегле од шахта во близина на хотелот каде што требало да престојува Нетанјаху

Свет | пред 1 месец

media-librarygre7am5lvpkoewqLKUb

(Видео) Масовно празнење на салата од делегатите на Генералното собрание на ОН пред обраќањето на Нетанјаху

Свет | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања