Промени тема
Контакт

Нетанјаху со порака до Израелците: „Ние сме глобална сила“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Свет
netanjahu

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху упати порака за национално единство по повод еврејската Нова година – Рош Хашана, нагласувајќи дека и покрај политичките несогласувања, Израелците треба да се потсетат на она што ги обединува.

— реклама —

Во видеопораката објавена на платформата Икс, Нетанјаху порача дека во текот на изборната кампања ќе има бројни расправи и несогласувања, но дека во пресудните моменти народот знае да се обедини.

„Би било добро, барем додека седиме на маса, да се потсетиме на една едноставна работа што им ја кажав на нашите непријатели на почетокот на војната: не потценувајте нè. Зашто, во пресудниот момент, овој народ знае да се обедини“, рече Нетанјаху.

— реклама —

Тој ја повтори и својата порака дека Израел се соочува со борба на повеќе фронтови.

— реклама —

„Дали знаете друг народ кој се бори на седум фронтови и на сите победува?“, праша израелскиот премиер.

Нетанјаху истакна и дека сите израелски заложници во текот на оваа година се вратиле дома, додавајќи дека израелската иновативност и сила ја претвориле земјата во глобална сила.

— реклама —

Пораката за единство доаѓа во период кога се засилува изборната кампања за парламентарните избори. Сепак, според најновото истражување на јавното мислење, спроведено од порталот „Зман Израел“, коалицијата на Нетанјаху и натаму е далеку од потребните 61 пратеничко место за обезбедување парламентарно мнозинство.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

netanjahu

Нетанјаху тајно отпатувал во Абу Даби и се сретнал со претседателот на ОАЕ

Свет | пред 6 дена

— реклама —
netanjahu

Уапсени двајца мажи во Њујорк откако излегле од шахта во близина на хотелот каде што требало да престојува Нетанјаху

Свет | пред 1 седмица

media-librarygre7am5lvpkoewqLKUb

(Видео) Масовно празнење на салата од делегатите на Генералното собрание на ОН пред обраќањето на Нетанјаху

Свет | пред 1 седмица

netanjahu

Нетанјаху најави закони за одземање државјанство на оние што ги клеветат израелските војници

Свет | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања