Промени тема
Контакт

Нетанјаху тврди дека Иран сакал да убие член на неговото семејство

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 седмици -

Свет
netanjahu

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изнесе тврдење дека Иран се обидел да ликвидира еден од неговите синови, но не откри кој од нив бил цел, ниту даде детали за наводниот обид.

Во телефонско интервју за израелскиот Канал 14, Нетанјаху рекол дека станувало збор за „неверојатен“ случај и дека Иран таргетирал член на неговото семејство.

Изјавата доаѓа во период на зголемени безбедносни ризици во Израел, а Нетанјаху ја поврзал со прашањето за заштитата на поранешниот началник на Генералштабот на израелската армија, Гади Ајзенкот. Тој, според анкетите, води тесна трка со Нетанјаху пред изборите на 27 октомври.

Нетанјаху ја поддржал одлуката Ајзенкот да добие целодневно обезбедување, оценувајќи дека тоа не претставува луксуз, туку неопходна мерка за безбедност.

— реклама —

„Без тоа, Иранците ќе успеат“, предупредил израелскиот премиер.

Нетанјаху има два сина и ќерка, но не прецизирал на кого се однесува неговото тврдење. Неговиот постар син Јаир, кој има 35 години, од почетокот на 2024 година престојува во Мајами, каде што, според извештаите, е под заштита на Шин Бет.

Неговото живеење во САД претходно предизвика реакции во Израел поради трошоците за обезбедувањето што се покриваат од државниот буџет. Загриженост изразиле и дел од жителите на јужна Флорида, кои стравуваат дека неговото присуство би можело да го зголеми ризикот од евентуален напад врз регионот.

— реклама —

По објавувањето на изјавите на Нетанјаху, израелскиот новинар Амит Сегал на Телеграм напишал дека за наводниот обид се знаело „со месеци“, но дека објавувањето информации за случајот било забрането.

Во меѓувреме, конфликтот меѓу Израел и Иран веќе има оставено последици и врз највисокото иранско раководство. Во почетокот на американско-израелските напади на 28 февруари, Израел го уби иранскиот врховен лидер Али Хаменеи, како и повеќе членови на неговото семејство.

— реклама —

Една недела подоцна, неговиот син Мојтаба беше именуван за нов врховен лидер на Иран. Во порака прочитана на државната телевизија, тој навел дека во нападите, освен татко му, ги загубил и сопругата, сестрата, нејзиното дете и шурата.

Мојтаба Хаменеи оттогаш не се појавил во јавноста. Според извештаите, тој бил повреден во нападот во кој бил убиен неговиот татко. Во друга порака што му се припишува, а која била објавена во периодот на погребните церемонии, новиот ирански лидер ветил дека ќе ја „одмазди крвта“ на Али Хаменеи.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

netanjahu

Нетанјаху најави закони за одземање државјанство на оние што ги клеветат израелските војници

Свет | пред 4 дена

— реклама —
media-libraryb4pgv2eeu4u32CwrZBr

Филм за Газа доби 25 минути аплауз во Венеција: Нетанјаху тврди дека ја клевети израелската армија

Магазин | пред 1 седмица

netanjahu

Нетанјаху со порака до Израелците: „Ние сме глобална сила“

Свет | пред 1 седмица

netanjahu

Нетанјаху: Знаеле дека ќе наредам мобилизација, затоа намерно не ме разбудиле пред нападот на Хамас

Свет | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања