Промени тема
Контакт

Нетанјаху: Израел е посилен од кога било, а конфликтот сè уште трае

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Свет
netanjahu

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел во овој момент ќе ги прекине нападите врз Иран, но нагласи дека конфликтот со Техеран и Хезболах не е завршен и дека неговата земја ќе продолжи да реагира на секој напад врз својата територија.

Во видеообраќање, Нетанјаху посочи дека по иранските напади врз Израел наредил израелската армија да изврши удари врз воени и економски цели низ Иран.

„Во моментов огнот на овој фронт е запрен, бидејќи по ударите врз режимот во Техеран тој престана да нè напаѓа“, изјави израелскиот премиер.

— реклама —

Тој предупреди дека доколку Иран повторно нападне, одговорот на Израел ќе биде силен и решителен.

Нетанјаху оцени дека Иран и Хезболах денес се послаби отколку кога било, додека Израел е посилен, но додаде дека борбата против нив сè уште не е завршена.

— реклама —

Според него, израелската армија ќе продолжи со операциите во јужен Либан со цел уништување на инфраструктурата на Хезболах во безбедносната зона.

— реклама —

Израелскиот премиер истакна дека истите ставови ги пренел и до американскиот претседател Доналд Трамп, кој во последните денови повикуваше на деескалација за да се зачуваат дипломатските напори меѓу Вашингтон и Техеран.

„Израел има целосно право на самоодбрана и ќе го користи тоа право секогаш кога ќе биде потребно“, порача Нетанјаху.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

netanjahu

Нетанјаху тајно отпатувал во Абу Даби и се сретнал со претседателот на ОАЕ

Свет | пред 1 ден

— реклама —
netanjahu

Уапсени двајца мажи во Њујорк откако излегле од шахта во близина на хотелот каде што требало да престојува Нетанјаху

Свет | пред 3 дена

media-librarygre7am5lvpkoewqLKUb

(Видео) Масовно празнење на салата од делегатите на Генералното собрание на ОН пред обраќањето на Нетанјаху

Свет | пред 6 дена

netanjahu

Нетанјаху најави закони за одземање државјанство на оние што ги клеветат израелските војници

Свет | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања