Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Нетанјаху следната недела ќе се сретне со Трамп во Белата куќа

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Свет
media-library5kqgunhjbrta7KCe9Gd
Benjamin Netanyahu/ ФБ

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху следната недела ќе отпатува во Вашингтон, каде што во вторник е планирано да се сретне со американскиот претседател Доналд Трамп во Белата куќа, објавија израелските медиуми, повикувајќи се на кабинетот на Нетанјаху.

— реклама —

Според најавите, Нетанјаху ќе отпатува во понеделник, а за време на посетата на САД ќе присуствува и на погребот на американскиот сенатор Линдси Греам, долгогодишен републикански сојузник на Израел.

— реклама —

Средбата меѓу Трамп и Нетанјаху доаѓа во период на зголемени тензии меѓу САД, Израел и Иран. Според „Аксиос“, разговорите во Белата куќа се очекува да се одржат во вторник, откако кабинетот на израелскиот премиер го потврди неговото патување во Вашингтон.

— реклама —

Израелскиот портал „Ynet“ објави дека Нетанјаху претходно го одложил патувањето во САД, откако беше соопштено дека погребот на Греам ќе се одржи на крајот на месецот.

— реклама —

Линдси Греам, републикански сенатор од Јужна Каролина, важеше за еден од најгласните поддржувачи на Израел во Вашингтон. Според американските и израелските медиуми, на неговиот погреб се очекува да присуствуваат повеќе странски државници, меѓу кои и Нетанјаху.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

Screenshot-2024-04-28-at-10.52.51

Бајден го откри писмото што Трамп му го оставил во Белата куќа во 2021 година

Свет | пред 1 ден

— реклама —
media-libraryphp1ntvsuipd2hhSb2O

Републиканците објавија извештај за Епстин: Тврдат дека Трамп не бил вмешан во мрежата за трговија со луѓе

Свет | пред 1 ден

media-libraryn34s6k2qvq8tc2Oa9kV

Иран: Нема преговори со САД, Ормускиот Теснец останува затворен до исполнување на условите

Свет | пред 1 ден

media-libraryu8h9clisoc2m7kEcTke

Трамп: Не е точно дека ги ставам сопствените финансиски интереси пред претседателската функција

Свет | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања