Промени тема
Контакт

Нетанјаху: Трамп е нашиот најдобар пријател, но не е единствениот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Свет
media-librarycak8udcnlp4o9DsKbLB

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ги отфрли изјавите на американскиот потпретседател Џеј Ди Венс дека американскиот претседател Доналд Трамп во моментов е единствениот светски лидер кој го поддржува Израел.

Во интервју за „Фокс њуз“, Нетанјаху беше запрашан да ја коментира изјавата на Венс дека Трамп е „единствениот шеф на држава во светот кој има симпатии кон Израел“. Израелскиот премиер одговори дека, иако има одлични односи со Венс, тоа не значи дека се согласува со сите негови ставови.

„Трамп е извонреден, најдобриот пријател што некогаш сме го имале во Белата куќа и целосно стојам зад тоа. Но, имаме и други пријатели“, изјави Нетанјаху.

— реклама —

Тој нагласи дека Израел ужива голема поддршка во Индија, а додаде дека бројни држави, и покрај притисокот од домашната јавност, продолжуваат да одржуваат добри односи со Израел.

— реклама —

„Многу лидери ми се јавуваат и ми велат дека имаат проблем со јавното мислење, но дека нè почитуваат и сакаат да соработуваат со нас, да научат нешто од нашата армија, како и од нашите достигнувања во областа на вештачката интелигенција и сајбер-безбедноста“, рече Нетанјаху.

Тој оцени дека односите на Израел со други земји не се секогаш такви какви што изгледаат во јавноста и повтори дека неговата држава има „многу пријатели“ ширум светот.

— реклама —

„Израел е меѓу водечките земји во светот во областа на сајбер-безбедноста, а нашата технологија е навистина напредна. Затоа велам дека имаме многу, многу пријатели“, порача Нетанјаху.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library5d39kd920of7bKfXIYK

Трамп потпиша договор со Данска и Гренланд за зголемено воено присуство

Свет | пред 16 часа

— реклама —
media-libraryjqohdp9bsumjckdoiza

Трамп: Во дилема сум дали да го уништам Иран засекогаш или да склучиме договор

Свет | пред 16 часа

media-libraryl980ocllcbiqaNCVygE

Трамп пред ОН: Путин треба да ја заврши војната во Украина

Свет | пред 18 часа

media-library67u1l8gcbbcvdhCdzPx

Зеленски ги отфрли критиките на Трамп за нападите врз руската нафтена индустрија

Свет | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања