Промени тема
Контакт

Нетанјаху: Војната со Иран не е завршена

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Свет
media-library59kjhcqbmnm64WOjDTm
Benjamin Netanyahu/ ФБ

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека војната со Иран сè уште не е завршена, бидејќи Техеран и понатаму поседува збогатен ураниум и други воени капацитети што, според него, треба да бидат неутрализирани.

„Мислам дека војната постигна многу, но не е готова, бидејќи Иран сè уште има нуклеарен материјал, збогатен ураниум што мора да биде изнесен од Иран“, изјави Нетанјаху во интервју за емисијата „60 минути“ на американската телевизија Си-Би-Ес.

Тој додаде дека Иран и понатаму располага со постројки за збогатување ураниум, балистички ракети и регионални сојузници што Израел сака да ги ослабне.

„Многу работи ослабевме, но сето тоа сè уште постои и има уште работа“, порача Нетанјаху.

— реклама —

Израелскиот премиер не прецизираше дали мисли само на резервите високо збогатен ураниум или на сите ирански залихи.

— реклама —

На прашањето како тој материјал треба да биде отстранет, Нетанјаху кусо одговори: „Влегувате внатре и го земате.“

Тој навести дека ураниумот може да биде физички отстранет и со договор со Техеран и без него, додавајќи дека американскиот претседател Доналд Трамп ја поддржува таквата можност.

— реклама —

Сепак, Нетанјаху избегна директно да одговори дали Израел би употребил сила ако нема договор со Иран.

„Нема да зборувам за нашите воени можности. Нема да дадам временска рамка, но ќе кажам дека ова е исклучително важна мисија“, рече израелскиот премиер.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

netanjahu

Нетанјаху најави закони за одземање државјанство на оние што ги клеветат израелските војници

Свет | пред 18 часа

— реклама —
media-libraryb4pgv2eeu4u32CwrZBr

Филм за Газа доби 25 минути аплауз во Венеција: Нетанјаху тврди дека ја клевети израелската армија

Магазин | пред 4 дена

netanjahu

Нетанјаху со порака до Израелците: „Ние сме глобална сила“

Свет | пред 1 седмица

netanjahu

Нетанјаху: Знаеле дека ќе наредам мобилизација, затоа намерно не ме разбудиле пред нападот на Хамас

Свет | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања