Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Неуставно е категоризирањето на резиденти и нерезиденти при пописот во 2021 година, Симовски ги пречекорил надлежностите, пресече Уставен суд

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
hrvatska-ukida-popis-stanovnistva-uvodi-registar-stanovnistva-popis_5d6e176779a8d

Директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски, ги пречекорил своите надлежност при изготвување на методологијата за пописот во 2021 година, кога изврши категоризирање на резидентно и нерезидентно население. Ваква одлука донесе Уставниот суд, кои укинаа одредби од методологијата.

„Судот оцени дека означените делови од Методологијата, не се во согласност со темелната вредност на нашиот уставен поредок- владеењето на правото, потоа и со членови од Законот за попис на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија 2021 година“, велат од Уставен суд.

— реклама —
— реклама —

Тие додаваат: „Уставниот суд оцени дека директорот на Државниот завод за статистика ги пречекорил своите надлежности и со подзаконски акт (Методологијата) извршил категоризирање на резидентно и нерезидентно население, за што нема законско овластување, бидејќи Законот за попис на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија 2021 година, не предвидува категоризацијата на населението да се разработи со подзаконски акт“.

— реклама —

Поради фактот што станува збор за укинувачка, а не поништувачка одлука, Судот напоменува дека одлуката ќе се применува од моментот кога ќе биде објавена во Службен весник (за подзаконските акти кои ќе се носат во иднина), но нема да важи ретроактивно-за веќе спроведениот попис од 2021 година.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryvjjmol4tsd7kbzGCssq

Уставните судови на Македонија и Турција ќе ја интензивираат билатералната соработка

Македонија | пред 2 седмици

ustaven

Уставниот судија Гоце Наумовски поднесе оставка, Судот за тоа дознал од Собранието

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryi8ehr32s18d27R3b6pj

Уставниот суд со остри критики: Не нè користете за дневнополитички пресметки

Македонија | пред 3 седмици

sudija

Уставните судии си ги вратија повисоките плати, од октомври ќе земаат најмалку 200 евра повеќе

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања