Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Неверојатен случај во белгиска зоолошка: Змија роди 12 младенчиња без да се пари со мажјак

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Свет
zmija-1

Во зоолошката градина „Пакави парк“ во белгискиот град Олмен е забележан исклучително редок природен феномен – женка белоусна бамбусова змија родила 12 младенчиња, иако со години не била во контакт со мажјак.

Ветеринарот Тим Баутс изјави дека веднаш се посомневал дека станува збор за необичен случај кога чуварите го известиле дека змијата, која подоцна го добила името Марија, донела на свет младенчиња.

— реклама —

Стручњаците утврдиле дека станува збор за партеногенеза – редок облик на бесполово размножување, при кој женката создава потомство без оплодување од мажјак. Кај одредени видови влекачи, овој механизам овозможува продолжување на видот кога нема мажјаци.

— реклама —

Според Баутс, при овој процес јајце-клетката се спојува со дел од сопствената клетка, наместо со сперматозоид, при што се создава ембрион со генетски материјал речиси идентичен со оној на мајката.

Сите 12 младенчиња се мажјаци и, иако не се целосно идентични со мајката, генетски се многу блиски до неа.

— реклама —

Поради опасноста мајката да ги изеде, младенчињата веднаш биле одвоени од неа.

Змијата го добила името Марија, инспирирано од симболиката на „безгрешното зачнување“, а ветеринарот на шега предложил 12-те младенчиња да бидат именувани по апостолите.

Од зоолошката градина посочуваат дека ова е прв ваков случај регистриран во Белгија и првпат забележан кај овој вид змија, иако партеногенезата претходно била евидентирана кај други видови, меѓу кои и комодските змејови. Посетителите веќе можат да ги видат младенчињата во „Пакави парк“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryb4bbeqlpjvl50Tc27kd

Студентските протести во Белгија ескалираа: Пожари, искршени излози и над 100 уапсени

Свет | пред 2 седмици

— реклама —
toplo-vreme-768x556

Топлотните бранови однесоа 2.935 животи во Белгија: Смртноста зголемена за 22,6 отсто

Свет | пред 1 месец

media-librarymtf843vn3uvk1hbgigK

„Кој е најголемиот губитник на Белгија?“: Американскиот амбасадор го исмеваше министерот, повикан на разговор

Свет | пред 1 месец

media-library385mvb3fgt0dakb6wxr

По седум дена борба, ставен под контрола пожарот во Белгија

Свет | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања