Промени тема
Контакт
Отворена сцена, музика, забава, подароци, разговори со Некст тајм, Пејчиновски, Кировски, Везилка 2
Отворена сцена, музика, забава, подароци, разговори со Некст тајм, Пејчиновски, Кировски, Везилка 2

Незаборавна Шпанска вечер на „Охридско лето“ со триото „Вибрарт“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 16 часа -

Охрид
media-library4ass8vm3agch3cjLRR2

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Бурни и стоечки овации за пијано триото „Вибрарт“  од публиката што вчеравечер го проследи нивниот концерт во рамки на традицоналната Шпанска вечер на „Охридско лето“.

Вечерта ја отвори амбасадорот на Кралството Шпанија во РС Македонија, Рафаел Сориано Ортиз кој нагласи дека главната цел на заедничката културна програма е да се  изградат мостови кои ќе ги зближат двете земји уште повеќе.

-Оваа година имаме неколку работи за прославување. Во 2026 година се одбележуваат 40 години откако Шпанија се приклучи на Европската унија, проект што целосно ја трансформираше нашата  земја и шпанското општество. Како што знаете, Шпанија цврсто ги поддржува  европските аспирации на вашата земја. Во 2026 година исто така се одбележуваат 20 години  од отворањето на нашата амбасада во Скопје, со обновена посветеност на зајакнување на нашите билатерални односи. Поради сите овие причини, ми е драго што државниот секретар за ЕУ, господинот Сампедро, ни се придружи вечерва, рече амбасадорот Рафаел Сориано Ортиз, упатувајќи посебна благодарност до директорот на фестивалот, Ѓорѓи Цуцковски, за како што кажа, одличната културна соработка што ја одржува со шпанската амбасада.

— реклама —
media-libraryvmc3jni2kjd62Kx5taP

Тројцата исклучителни музичари, пијанистот Хуан Перез Флористан, виолончелистот Фернандо Ариас Фернандез и виолинистот Мигуел  Колом Куеста  со искрен и автентичен пристап му се посветија на репертоарот и оставија силен уметнички печат врз публиката која час и половина колку што траеше концертот , уживаше во секоја отсвирена нота.

— реклама —
media-libraryh0dan510dg0jf7il6r4

-Ова ни е првпат не само на фестивалот, туку и во Македонија. Никогаш не сме биле во овој регион и се заљубивме во Охрид, навистина е преубав. Навистина е неверојатна црквата, еден од најубавите православни храмови. Акустиката помага особено на трио како нас да го дадеме најдоброто на концертот. Сакавме да одбереме голем репертоар како      , големото клавирско трио на Бетовен  во де-дур, клавирското трио  бр.1 во де-мол од Менделсон и помалку познатото и ретко изведувано дело „Ноктурно“ оп. 148 на Шуберт кое е недовршено  и стои како кратко дело. За бис отсвиривме дело на големиот шпански композитор и пијанист од првата половина на 20.век Мануел де Фаља. Годинава се одбележуваат 150 години од неговото раѓање и затоа направивме аранжман по тој повод, истакнаа харизматичните и виртуозни шпански музичари од триото „Вибрарт“.

media-libraryeg3eltfe5jug7g70w2w

Освен во овој состав, членовите на триото „Вибрарт“ градат и индивидуална уметничка кариера. Образувани на Високата школа за музика „Кралица Софија“ во Мадрид и во Берлин, тие ја комбинираат нивната кариера  со педагошка активност и со оркестарски проекти.

— реклама —

Шпанската вечер на 66. „Охридско лето“  заедно со македонската претседателка, Гордана Сиљановска- Давкова, која е и покровител на фестивалот, ја проследи и државниот секретар за Европска унија во Министерството за надворешни работи на Шпанија, Фернандо Мариано Сампедро Маркос.

media-library7tfa5al8q4jk1YaHkGt

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarytq4gbrfkoqbfeNvkMYC

Британска вечер на „Охридско лето“ со пијанистаката Исата Кане-Мејсон

Охрид | пред 16 часа

media-libraryb9h1ta4iihm68l8XhxQ

Австриска вечер на „Охридско лето“

Охрид | пред 2 дена

media-libraryk1rmgj0uqcfv1KSb5OL

Импресивен концерт на Камерниот оркестар на НОБ и маестра Чадловска

Охрид | пред 2 дена

media-library693ftcleacli7pk12z4

Вечерва на „Охридско лето“ концерт на Камерниот оркестар на НОБ

Охрид | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања