Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Независната советничка група „Поинаку“, СДСМ, Левица и ЛДП бараат вонредна седница за средствата на јавните претпријатија во „Алта банка“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 час -

Македонија
media-library93a7o87canrk2qtvUrZ

Независната група на советници во Советот на Општина Битола „Поинаку“, заедно со советничките групи на СДСМ, Левица и ЛДП, поднесе барање за свикување вонредна седница на Советот на Општина Битола поради состојбата со „Алта банка“ во Битола.

— реклама —

Од „Поинаку“ информираат дека барањето содржи една точка на дневниот ред, со која се бара градоначалникот да достави информации за тоа кои јавни претпријатија и општински институции имаат депонирани средства во „Алта банка“, од кога се нивни депоненти и со колкав капитал се изложени.

Од градоначалникот се очекува да ги образложи и мерките и насоките што ги презема Општина Битола во врска со настанатата состојба.

— реклама —

Од советничката група порачуваат дека граѓаните на Битола треба да знаат каква е состојбата со јавните институции и средствата со кои располагаат.

— реклама —

„Патриотизам е пред сè грижа за градот во кој живееме, грижа за сè што е дел од општественото работење и секојдневие, грижа за граѓаните на Битола“, наведуваат од „Поинаку“, упатувајќи и критичка порака по повод празникот на градот.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

LDPlogo-620x360

ЛДП: Народна банка бара нов сопственик за Алта Банка, народот бара одговорност

Македонија | пред 1 час

— реклама —
media-librarym8r9lbkk7n75fPyq66c

Народна банка не открива дали Алта банка-Битола има институции како свои клиенти, оти тоа е банкарска тајна

Македонија | пред 1 час

media-library6kk99rncb9hveaqKaiy

Притвор од 30 дена за сопственикот на „Алта банка“, осомничен за стекнување противправна имотна корист од околу 45 милијарди динари

Балкан | пред 6 часа

media-library93a7o87canrk2qtvUrZ

Од утре клиентите на „Алта банка“ без картички ќе можат да подигнат до 20.000 денари, шалтерите ќе работат и во сабота

Македонија | пред 6 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања