Промени тема
Контакт
ВО ЖИВО

„Претрес“ на Бране Петрушевски: ВМРО на власт, Заев и Филипче на јахта, Максим, ДУИ и работниците

Никој, па ни газадата Деко не чувствува вина за смртта на 63 млади животи

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 10 месеци -

Македонија
media-librarys3droijois4v65fZo5A

Сите обвинети за трагедијата во „Пулс“ ја негираат вината – ниту еден од 38-те обвинети не се чувствува одговорен за смртта на 63-те млади

Во судницата во Идризово денес заврши изјаснувањето за вина на обвинетите за најтешката трагедија во поновата историја на Македонија – пожарот во дискотеката „Пулс“ во кој загинаа 63 млади лица. И покрај огромните човечки загуби, ниту еден од 35-те физички и трите правни лица не призна вина.

Првообвинетиот, газдата на „Пулс“, Дејан Јованов – Деко, кратко и јасно изјави:

„Не се чувствувам виновен за кривичното дело што ми се става на товар.“

Истото го повторија и неговиот син, братот, како и сите други обвинети меѓу кои има поранешни градоначалници, директори, инспектори и функционери.

Клучните фигури: никој не чувствува вина, многумина зборуваат за „конструкции“

Митко Стојанов, поранешен управител, иако изрази длабоко жалење, сепак не ја призна вината:

— реклама —

„Жалам за изгубените животи, и животот би го дал за некои од нив. Но не се чувствувам виновен.“

Тодор Јованов, задолжен за влезниците – и сам родител на повредено дете – рече:

„Им посакувам брзо опоравување. Како родител на повредено дете изразувам сочувство… но не сум виновен.“


Политичките фигури со став: обвинението е „селективно“ и „политички мотивирано“

Ексградоначалникот Љупчо Папазов беше најотворен во критиката:

„Ова е конструирано обвинение. Разбирам за што сум обвинет, но истрагата е селективна.“

— реклама —

Поранешниот директор на ДЗС, Шабан Салиу, исто така не ја призна вината:

„Процесот е политички мотивиран и правно неоснован.“


Инспекторите и службениците: „Немаме никаква вина“

Голем дел од инспекторите – оние кои требало да ги контролираат документацијата, безбедносните стандарди и техничките услови на објектот – изјавија дека се обвинети само „за бројка“.

Градежниот инспектор Огњан Георгиев:

— реклама —

„Немам никаква вина. Обвинет сум само за да има повеќе луѓе на списокот.“

Пазарниот инспектор Весна Кузмановска:

„Дечиња има таму, другари на моите деца… Сочувствувам, но не чувствувам вина.“

И останатите инспектори – Љупчо Стаменков, Николчо Гоцев, Зоран Николовски, Беким Максути, Аднан Џафероски – исто така ја негираа одговорноста.


Обезбедувањето: „Ние спасувавме животи“

Вработените од обезбедувањето „Рубикон“ тврдат дека единствено се обидувале да помогнат.

— реклама —

Мартин Ѓорѓиев:

„Делата што ми се ставаат на товар не ги прифаќам. Ние ризикувавме живот за да спасиме други.“

Стојанчо Димитријев:

„Чувствувам само болка што не спасив повеќе.“

Ивица Грозданов, Јане Јанчевски и сопственикот Александар Нацев (чиј предмет неодамна беше споен) исто така не признале вина.


Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library5jtjd07rgr419JapC03

Калајџиев за новата истрага против Дејан Јованов: Ако е отворена само за да се изигра рокот за притвор, тоа е злоупотреба на правото

Коментари | пред 3 дена

— реклама —
media-librarye10v3atee0gj3PS82WL

„Не сум изненадена, но сум вознемирена, новата истрага е конструкција“, вели адвокатката на Деко

Македонија | пред 5 дена

media-librarys3droijois4v65fZo5A

Кривичен образложи зошто газдата Деко доби нов 30-дневен притвор: опасност од бегство и влијание врз сведоци

Македонија | пред 5 дена

media-libraryarqnst12t5gobSjvUJO

Определен 30-дневен притвор за газдата Деко во новата истрага за поткуп

Македонија | пред 5 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања