Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

„Никој повеќе не и верува на власта -невработеноста се намалува само поради иселувањето“, вели СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Македонија
media-librarylk6kmpj780a7741ItyH

СДСМ преку соопштение ја обвини Владата дека намалувањето на невработеноста не е резултат на економски раст и отворање нови работни места, туку последица на иселувањето на младите од државата.

— реклама —

Од партијата велат дека младите сè почесто ја напуштаат земјата поради, како што наведуваат, недостиг на перспектива, корупција, партизација на институциите и застој на европскиот интегративен процес.

„Без европска интеграција нема економски просперитет, нема повисоки плати, нема квалитетни работни места и нема иднина. Младите тоа го знаат и затоа заминуваат“, наведуваат од СДСМ.

— реклама —

Според опозициската партија, наместо реални економски политики, Владата презентира оперативни планови, програми и мерки кои, според нив, претставуваат обид за подобрување на јавниот имиџ пред евентуални предвремени избори.

— реклама —

Од СДСМ во соопштението оценуваат дека по две години владеење не се исполнети клучните ветувања дадени пред граѓаните и дека намалувањето на невработеноста се користи како статистички показател што не ја отсликува реалната состојба на пазарот на трудот.

Во соопштението се наведува и дека граѓаните, особено младите, ја губат довербата во актуелната власт, бидејќи не гледаат конкретни резултати во подобрувањето на животниот стандард и економските перспективи.

— реклама —

Од партијата порачуваат дека наместо, како што велат, „козметички мерки и статистички трикови“, потребни се суштински политики за задржување на младите и забрзување на европскиот пат на државата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryeuq4jrnkcll31UrbjKu

„За Алта банка Савески да почне од Мицкоски и Славески – сметките и трансакциите мора да се испитаат веднаш“, вели СДСМ

Македонија | пред 25 минути

— реклама —
media-library3aajff2mnjk379UVxvN

„Постојат ли 80 милиони евра во Алта банка Битола и во кое својство преговара Мицкоски?“, велат од СДСМ

Македонија | пред 1 ден

media-libraryvosnvn9kcs6604GYNY3

„Славески, имаш уште малку време да го пријавиш Мицкоски, потоа ќе биде касно!“, вели СДСМ

Македонија | пред 1 ден

media-librarymg9pbfsb39nqdl0fWU1

СДСМ: Ги поддржуваме војниците – ќе поднесеме законско решение за нивните барања

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања