Промени тема
Контакт

Николоски: Го завршуваме патот од Охрид кон Св. Наум. Граѓаните и туристите добиваат безбеден патен правец и поквалитетна туристичка понуда

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Охрид
Screenshot-2024-11-24-at-12.48.50

„Ве информираме дека во завршна фаза е рехабилитацијата на магистралниот пат Охрид – Св. Наум во должина од 24,3 километри.

— реклама —

Инвестиционата вредност за рехабилитација на овој патен правец е 11,6 милиони евра, средства обезбедени од буџет на ЈП за државни патишта“, вели министерот за транспорт и врски, Александар Николоски и додава:

— реклама —

Со рехабилитација на оваа главна туристичка сообраќајна делница, ја подигнуваме безбедноста во сообраќајот и обезбедуваме квалитетна патна врска од Охрид до манастирскиот комплекс Св. Наум. Исто така овој магистрален пат има регионално значење бидејќи претставува патна врска со Република Албанија. До сега, со завршен асфалт комлетно е асфалтиран потегот од граничниот премин на Р. Албанија до Пештани во должина од 19 километри.

— реклама —

Заради зголемување на безбедноста во сообраќајот како и прегледност на патот се изврши растеретување на косини од нестабилен карпест материјал, завршено е со монтажа на заштитна челична мрежа на косините, а исто така на дел на патот поставена е заштитна ограда. Согласно договорниот рок, се очекува патот комплетно да биде завршен до крајот на месец јуни пред почетокот на летната сезона. Oстанува да се доасфалтираат уште околу 5 км од излезот на Пештани до хотелот Метропол, да се постави заштитна ограда како и хоризонтална и вертикална сигнализација.

— реклама —

Со реализација на овој проект покрај подобрување на патната мрежа во охридскиот регион го подигнуваме квалитетот на туристичкиот потенцијал и го потикнувме економскиот развој на Охрид.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarys6isuqib5h5f0d28b8i

Охрид со нови капитални проекти: Катна гаража, пречистителна станица и спортска сала

Охрид | пред 2 дена

— реклама —
media-librarygesnda26ae81frSiUhm

(Видео) Продолжува реконструкцијата на улицата „7-ми Ноември“ во Охрид

Македонија | пред 1 седмица

media-library8t0vpoac23pncs70GXV

Општина Охрид започнува чистење на речните корита и критичните точки

ОО | пред 1 седмица

media-libraryhfqjoqj9s2o980tZABb

(Видео) Видео од Охрид хит на социјалните мрежи: Девојче со преубав глас ја запеа „Ако згрешам нека изгорам“

Вирално | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања