Промени тема
Контакт

Николоски на средба со министрите од ЕУ за транспорт

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
nikoloski08042024

,,Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, денеска и утре е во работна посета на Унгарија, Будимпешта, каде присуствува на состанокот на министри за транспорт на земјите членки на Европската Унија.

— реклама —

На состанокот ќе се разговара за приоритетите во транспортниот сектор како клучен фактор во економската интеграција на ЕУ и конкурентноста. Покрај министрите за транспорт од Унијата, на неформалниот состанок учествуваат и министрите за транспорт од земјите од Западен Балкан, од земјите од ЕФТА, понатаму Украина, Молдавија и Грузија, како и претставници на институциите на Европската Унија и транспортни организации.

— реклама —

Собирот на министри е предвиден да трае во две сесии. На првата сесија ќе се зборува за подобрувањето на конкурентноста на транспортниот сектор на ЕУ, преку дебата за подобрување на поврзаноста меѓу ЕУ и соседните земји, предизвиците и можностите кои произлегуваат од залениот транспорт како и дигитализацијата во транспортот.

— реклама —

Посебенн фокус во втората сесија ќе биде железничкиот сектор, мерки и стратегии потребни за воспоставување на брза железничка мрежа, подобрување на врските помеѓу руралните и урбаните места и мобилизирање на ресурсите неопходни за подобрување на конкурентноста на секторот.

Состанокот на министри е организиран од Унгарија во рамки на нејзиното претседателство со Европската Унија.”, соопштија од Министерството за транспорт.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library8u9op29k8lk696xy88l

Николоски во Подгорица: На регионот му се потребни партнерства, поврзаност и економска соработка

Македонија | пред 1 ден

— реклама —
media-librarynm1sgglmh0ov1siMlrw

Николоски во Подгорица на средба со премиерот Спајиќ: Силно политичко партнерство меѓу Македонија и Црна Гора и засилена економска соработка за развој на регионот

Македонија | пред 1 ден

media-libraryqsu1em28lf6v4yt8MRc

Од Скопје до Приштина од следната година ќе се патува и со воз, најави Николоски

Македонија | пред 2 дена

media-librarymhv255rp9c3i5RYB678

Николоски: Силен раст на авиосообраќајот, годинава околу 4 милиони патници на двата аеродроми

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања