Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Николоски: Не правиме естрада, проблемот со превозниците се решава со документи и аргументи

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Македонија
media-libraryd6c6068mr5gm9Xx09tz

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски денес одговарајќи на новинарско прашање во врска со проблемот со транспортерите истакна дека секој четврток има состаноци за изнаоѓање на решение.

— реклама —
— реклама —
— реклама —

„Гледам дека соседните држави тоа го експлоатираат во медиумите, ние решивме да сме конструктивни и чесни и да работиме, и не мислам дека начин да се реши овој проблем е начинот кој што го прават соседните држави, преку постојано информирање на јавноста и една естрада која што се случува, туку ова се работи во канцеларија со документи, со аргументи, и тоа е начинот на кој што ние работиме. Уште еднаш апелирам да гледаме да ние си го решиме нашиот проблем, а што ќе прават Албанија, Косово, Црна Гора, Србија и Босна и Херцеговина е нивни проблем, и драго ми е што нашите превозници тоа го сфатија и што заеднички работиме на решение за македонските превозници.

Решението се движи во насока на издавање на долготрајни, долгорочни работни визи, кои што треба да значат регулиран престој на сите наши превозници, кои што влегуваат во Шенген зоната, без разлика дали се работи за камионски превоз или автобуски превоз или друг вид на превоз кој што се користи. Швајцарија веќе издава такви визи за македонските превозници, Хрватска најави дека тоа ќе го направи, во моментов има законска процедура за усвојување на соодветен закон во хрватскиот сабор, и работиме, координирани со Министерството за надворешни работи, со Министерството за внатрешни работи, и во координација со премиерот да уште неколку држави, усогласат вакви визи за македонските превозници, што ќе значи едно целосно решение на проблемот.

Не очекувајте од нас да ние секој четврток ќе излегуваме и изнесуваме, и да замолам да не се потпаѓа на шпекулации кои што доаѓаат од други држави, затоа што најчесто она што го читам во медиумите од соседните држави се од луѓе кои што не учествуваат на тие состаноци, туку пренесено со намери кои што не би сакал да ги коментирам.

Значи, системот влегува во сила во април месец, за превозниците од Македонија, повторувам, ќе биде одложен до крај на септември и до тогаш треба да е ова решение изнајдено“, изјави Николоски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library8thkvmljromv2hF1Xlo

Николоски: Ја развиваме Брвеница со реализација на конкретни проекти

Македонија | пред 23 часа

— реклама —
media-libraryr2jahva3hb0b1Xi8myP

Николоски: Македонија е лидер во спроведување на реформите од Планот за раст на ЕУ

Македонија | пред 1 седмица

media-librarymhv255rp9c3i5RYB678

Николоски: Изградбата на автопатите насекаде се одвива со силна динамика

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryurh6m0m3850u15k5bMM

Растот на БДП проектиран на 3,5 отсто – Николоски очекува градежништвото да продолжи со силен раст

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања