Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски

Николоски: Опозицијата преку нивните медиуми и невладини организации шират хистерија меѓу граѓаните-дното го достигнаа

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
Aleksandar-Nikoloski-20.04.2023-1

Во интервјуто за ТВ Алфа, заменик претседателот на Владата, Александар Николоски говори за хистеријата што ја создава опозицијата меѓу граѓаните. Во продолжение интегралното обраќање на заменик претседателот Николоски:

— реклама —

“Сите ќе се согласат дека е огромна работа е што конечно ДУИ ги испративме во опозиција. ДУИ беше на власт во континуитет од 2002 година до 2024 година, со една пауза од 2006 до 2008 година. Тоа што многумина пред нас го ветуваа, ние го реализиравме и ДУИ е во опозиција.

Тоа е првата фаза, а втората фаза ќе биде да одговараат тоа што го правеле додека беа на власт.

— реклама —

Но она што сакам да го искоментирам е дека ние сме веројатно првата влада во историја на државата, а веројатно и во пошироко во регионот која не доби 100 дена да може да се организира и да може да испорачува проекти.

— реклама —

Ние сме два и половина месеци на власт, далеку сме уште од 100 дена, а односот на опозицијата и хистеријата која што ја создава опозицијата и нивни блиски медиуми, невладини организации итн, е како ние да сме десетта година на власт, што мислам дека е лошо за нив затоа што создава контра ефект кај народот.

Изборите беа на 8 мај оваа година, не беа пред десет години и луѓето многу добро знаат зошто гласаа за ВМРО-ДПМНЕ и многу добро знаат зошто го подржаа ВМРО-ДПМНЕ. И кога истите ја распродаваа државава на Бугарија и прифатија француски предлог со кој што се понижи Македонија, сега раскажуваат приказни за патриотизам и изгледаат смешни во очите на народот и тие истите што ја искрадоа државата сега зборуваат за криминал и корупција.

— реклама —

Единствено покажаа само колку ситни луѓе се и ситни души и не ни дадоа 100 дена за да можеме да покажеме кој сме и што сме. Од прв ден бевме критикувани како изборите нула-нула да завршија и ние со сила да направивме влада, а не да имаме дво- третинско мнозинство што е најголемо мнозинство што која било власт го имало во Македонија”- истакна Николоски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarymhv255rp9c3i5RYB678

Грант од еден милион евра за реформа на МЖ Транспорт, најавени нови возови и локомотиви

Македонија | пред 1 ден

— реклама —
media-libraryllbi72kb7ng97tQd8Vr

Николоски: Овозможивме раст од 32 % повеќе патници на аеродромите и раст од околу 20 % на странските туристи

Македонија | пред 5 дена

media-libraryi5muddi0m7l4fh4UKpu

„Коридорот 10 ќе го градат сите земји на кои што им припаѓа и ќе стане еконосмки најзначаен коридор во Европа“, вели Николоски

Македонија | пред 1 седмица

media-librarypdqktkljrem09Bz23N8

Николоски: Автопатот Скопје–Блаце ќе ја отвори Македонија кон пристаништето Бар

Македонија | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања