Промени тема
Контакт

Николоски: Со нов Закон ќе ја довршиме изградбата на автопатот Кичево Охрид. Очекувам напролет да се вози по одредени делници од автопатот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
Aleksandar-Nikoloski-20.04.2023-1

Владата донесе нов Закон за измена и дополнување на Законот за реализација на автопатот Кичево – Охрид, кој што се надевам дека следната недела ќе го усвои македонското собрание и со тој Закон ќе биде решен еден од основните проблеми за реализција на автопатот Охрид – Кичево, истакна денеска заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски.

— реклама —

Законските измени се во делот на техничките каректеристики на асфалтот што се користи за финализирање на завршните слоеви на автопатската делница, прилагодени на домашните геолошки услови.

— реклама —
— реклама —

“Сите проблеми што ги видовме се настанати како резултат на неодговорното работење на претходната влада. Законските измени се во делот на техничките картектеристики на асфалтот што ќе се користи. Правимe прилагодување на македонските услови. Асфалт не може да се носи повеќе од 100 км од местото каде што е произведен што значи дека мора да се користи локална оператива и се прилагодуваме на геологијата односно на наоѓалиштата што се користат во изработката на асфалт. Со гласање на овој Закон веднаш започнуваме со асфалтирање на финалните делови на одредени делници и да бидам пококнретен веќе следната пролет да имаме делови од автопатот кои што ќе бидат целосно ставени во функција. Очекувам до рокот до крај на 2026 година да имаме конечно завршен автопат” - изјави заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски.

Министерот истакана и дека се решаваат наследените проблеми со експропријацијата, објектите што се на траса како и со свлечиштата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library8u9op29k8lk696xy88l

Николоски во Подгорица: На регионот му се потребни партнерства, поврзаност и економска соработка

Македонија | пред 1 ден

— реклама —
media-librarynm1sgglmh0ov1siMlrw

Николоски во Подгорица на средба со премиерот Спајиќ: Силно политичко партнерство меѓу Македонија и Црна Гора и засилена економска соработка за развој на регионот

Македонија | пред 1 ден

media-libraryqsu1em28lf6v4yt8MRc

Од Скопје до Приштина од следната година ќе се патува и со воз, најави Николоски

Македонија | пред 2 дена

media-librarymhv255rp9c3i5RYB678

Николоски: Силен раст на авиосообраќајот, годинава околу 4 милиони патници на двата аеродроми

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања