Промени тема
Контакт

Николоски: Соработката со ДУИ би била политичко самоубиство за Таравари, се надевам дека тоа нема да го направи

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
nikoloski-pat-3

„Разговараме со коалиционите партнери и имаме јасна визија каде треба да се движи државата. Имаме стабилна Влада и не оставаме никаков простор за соработка со ДУИ било формална или неформална“, вели вицепремиерот и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски на денешното гостување во Тема на денот на телевизија Сител.

Николоски истакна дека премиерот Мицкоски има јасна визија во кој правец сака да се движи државата, но она што е клучно во неговата визија е дека мора да постои силна битка со организираниот криминал и корупцијата.

— реклама —

,,Премиерот има многу јасна визија каде сака да се движи државата, но она што е клучно во неговата визија е дека мора да имаме силна битка со организираниот криминал и корупција, кои најмногу беа олицетворени во ДУИ. Наше јасно ветување беше дека ДУИ ќе биде во опозиција, и ДУИ е во опозиција, и затоа не оставаме никаков простор за соработка со ДУИ, на било кој елемент во рамки на Владата и во било која форма на соработка со политичката партија ДУИ, без разлика дали се работи за формална, неформална соработка, соработка само за локални избори и тука е всушност главната забелешка кон Арбен Таравари и кон неговото однесување“, категоричен е Николоски.

— реклама —

Николоски истакна дека Владата е многу стабилна и граѓаните ги поддржуваат политиките на ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

,,Владата е многу стабилна, ние сме многу благодарни на поддршката која што ја добивме минатата година, ВМРО-ДПМНЕ освои 58 пратеници, нашиот главен политички опонент освои 18, има пратеници кои што ја поддржуваат политиката на ВМРО-ДПМНЕ, тука е коалицијата со политичката партија ЗНАМ, така што ние во моментов, ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ, ближиме во моментов некаде околу 66-67 пратеници, што е многу комотно мнозинство“, истакна вицепремиерот Николоски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library47o2qshiqcsnbx9ocpk

ДУИ: Влијанието на Белград и „српскиот свет“ во Македонија е поголемо од кога било

Македонија | пред 4 дена

— реклама —
media-library47o2qshiqcsnbx9ocpk

ДУИ: Министерот за правда од ВРЕДИ ја изедначи жртвата со агресорот - невидена штета за албанската кауза

Македонија | пред 1 седмица

media-library47o2qshiqcsnbx9ocpk

ДУИ бара одговор: Дали возилото на заменик-директорот Даути било веднаш зад уапсениот царински функционер?

Македонија | пред 1 седмица

dui-

ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања