Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Николоски за грабежот во Драчево: Без луѓе од ЕВН и „Железница“ оваа кражба не можела да се изведе

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
media-librarymhv255rp9c3i5RYB678

Кражбата на електровлечната потстаница во Драчево не можела да биде изведена без ангажман на лица со висока стручност, а министерот за транспорт Александар Николоски смета дека во случајот можеби биле вклучени и лица од ЕВН и од „Железница“.

— реклама —

Николоски во гостување на Телма го опиша настанот како „филмски“ грабеж, при кој биле украдени вредни компоненти од два електроенергетски трансформатори тешки повеќе од 30 тони.

„Јас сум убеден, но секако јас не ја водам истрагата, туку МВР, но јас сум убеден дека без луѓе од ЕВН и без внатрешни луѓе од „Железница“ ова не може да се направи и веројатно тоа истрагата ќе го потврди“, изјави Николоски.

— реклама —

При кражбата, двата трансформатори биле насилно превртени, а од нив било истурено трансформаторското масло. Бакарните намотки и други вредни компоненти биле отстранети и украдени.

— реклама —

Според Николоски, станува збор за операција која била изведена во текот на една ноќ и барала висока стручност, особено поради работата со висок напон и употребената механизација.

Електровлечната потстаница во Драчево е во сопственост на „Македонски железници – инфраструктура“, а според првичните проценки, материјалната штета изнесува околу пет милиони евра.

По кражбата, значаен дел од електроенергетската опрема на железничката инфраструктура бил уништен, поради што објектот во моментов е нефункционален. Истрагата ја води Министерството за внатрешни работи.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryi17vc505n0sabedLNuI

Николоски: Преку 6 милиони евра директна помош за Кичево, инвестираме за инфраструктурен развој на општината

Македонија | пред 1 ден

— реклама —
media-library0rs6fklq6sbt3FPKTSV

Николоски очекува Србија да продолжи со железничките проекти: Коридорот 10 е стратешки интерес

Македонија | пред 2 дена

media-libraryckgi9aho9k1cfJzI8D7

Николоски најави два нови експресни патишта кон Бугарија и железничко поврзување со Албанија

Македонија | пред 4 дена

media-libraryhhp00teqhar62zYnpqt

Владата бара решенија за превозниците во Шенген-зоната, Швајцарија прва подала рака, најави Николоски

Македонија | пред 5 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања