Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Николова: За владата не е приоритет борбата против насилство врз жените

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија

Нивото на свест, во однос на елиминација на насилство кон жените, кај нас е на многу ниско ниво. Не е доволно само да се донесат закони или да се организираат јавни расправи, туку треба да се направи многу повеќе за оваа проблематика, а и да се обезбедат соодветни средства. Ако го разгледате буџетот за 2025 година, во делот за социјални услуги, јасно се гледа дека за 50 проценти е намален буџетот во однос лани. Што значи дека власта го нема овој проблем како приоритет, рече пратеничката на СДСМ, Даниела Николова на гостувањето во емисијата Анализа, на 24 ТВ.

— реклама —

- Со 50 проценти намалени средства за специјални услуги, јасно се гледа каде оди ова власт и дека државата која е должна да се грижи за своите граѓани, сепак има некој други приоритети. Исто така и од даноците од игри на среќа, од кој се одвојуваат средства, има намалување до 25 проценти. И ова само покажува дека на власта, не и се приоритет родово сензитивни прашања, како насилството врз жената, децата, семејното насилство, рече Николова.

— реклама —
— реклама —

На дебатата се зборуваше и за тоа што оваа година, во многу демократски земји институциите беа осветлени во портокалова боја, како симболика за одбележување на меѓународниот ден за елиминација на насилството на жените, но кај нас, ниту една инситуција не беше осветлена, во знак на поддршка.

— реклама —

- Ваквите симболики, кои не се праќаат, укажуваат дека можеби тој проблем е многу подлабок. Сметам дека институциите имаат многу работа и дека ако немаме добри имплеметација, на законите не можеме да го решиме овој проблем. Иако институциите ги донесоа и подзаконските акти за проблемот со насилството врз жените, тие не соработуваат помеѓу себе, односно нема соработка меѓу министерството за социјалната политика, демографија и млади, министерството за образование, ВМР и министерството за правда и на овој начин не може да се постигнат резултати за проблемот со кој се соочуваме, односно насилството врз жените, рече Николова.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryeuq4jrnkcll31UrbjKu

„За Алта банка Савески да почне од Мицкоски и Славески – сметките и трансакциите мора да се испитаат веднаш“, вели СДСМ

Македонија | пред 1 час

— реклама —
media-library3aajff2mnjk379UVxvN

„Постојат ли 80 милиони евра во Алта банка Битола и во кое својство преговара Мицкоски?“, велат од СДСМ

Македонија | пред 1 ден

media-libraryvosnvn9kcs6604GYNY3

„Славески, имаш уште малку време да го пријавиш Мицкоски, потоа ќе биде касно!“, вели СДСМ

Македонија | пред 1 ден

media-librarymg9pbfsb39nqdl0fWU1

СДСМ: Ги поддржуваме војниците – ќе поднесеме законско решение за нивните барања

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања