Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Николовски од Будимпешта: Со силна поддршка од ЕУ, ја подобруваме поврзаноста со регионот и Унијата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
nikolovski-carina-3

Ја подобруваме поврзаноста со регионот и ЕУ преку инвестиции во унапредување на инфраструктурата на граничните премини и забрзување на постапките при истовремена ефективна контрола. Истовремено ја зајакнуваме и регионалната и меѓународната соработка која е клучна за размена и мечирање на податоци во синџирот на меѓународната трговија. На овој начин го трасираме патот напред, при што нашата интенција е забрзана интеграција во единствениот пазар на ЕУ и подобрување на конкурентноста на македонската економија. Ова беше клучната порака на директорот на Царинска управа, Бобан Николовски, на дводневниот состанок на високо ниво во Будимпешта „Зајакнување на регионалната царинска соработка“ на којашто присуствуваа директорите на царините од Западен Балкан и земјите-членки на ЕУ. Настанот е организиран под покровителство на Националната даночна и царинска агенција на Унгарија во рамки на Унгарското претседателство на Советот на ЕУ. Истиот беше отворен со видео порака од еврокомесарот за проширување на Оливер Вархеј кој потенцира дека интеграцијата е многу значајна во процесот на проширување и оти царинските управи имаат клучна улога во овој процес.

— реклама —

На настанот од страна на учесниците беше потенцирано дека интеграцијата во единствениот пазар на ЕУ, соработката помеѓу царините во делот на воспоставување зелени коридори и размена на податоци и предвидливата бизнис клима обезбедува стабилност и раст на економиите.

Директорот Николовски притоа потенцира дека голем дел од постигнувањата се овозможени благодарејќи на силната поддршка на Европската Унија.

— реклама —

„Благодарение на силната поддршка од ЕУ, во моментов работиме на неколку проекти со ИПА грант и национално кофинансирање. Интензивно работиме на отпочнување на проект за автоматизација на терминалите и реконструкција на граничен премин Делчево. Воедно во моментов работиме на воспоставување на нови гранични премини со Бугарија – Клепало и со Грција- Маркова Нога. Паралелно работиме на имплементација системот за регистрација и идентификација на економските оператори ЕОРИ 2 чија цел е воспоставување единствен систем за регистрација и идентификација на економските оператори“, истакна Николовски.

— реклама —

Во делот на соработката со Царините на другите земји Николовски истакна дека со Бугарија и Грција веќе се договорени билатерални средби на кои ќе се дискутира за прашања кои се од клучно значење за забрзување на трговијата. Воедно истакна дека денеска ќе биде потпишан и Протокол за елекронска размена на податоци преку SEED со Црна Гора.

На настанот Николовски се осврна и на проектите што ги имплементира Царинската управа во рамки на проектот на Светска банка за олеснување на транспортот и трговијата во Западен Балкан.

Директорот притоа истакна дека во моментов највисок приоритет е финализирање на имплементација на Новиот компјутеризиран систем – Фаза 5, а интензивно се работи и на новиот Царински закон со цел усогласување со царинскиот закон на ЕУ, се со цел подобрување на условите за водење бизнис и побрза интеграција во единствениот пазар на ЕУ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library7k1e3119vulafZ9OAIu

На ГП Дојран спречен шверц на 79 килограми марихуана скриена во камион со железни профили, пет лица приведени

Македонија | пред 2 седмици

— реклама —
media-library8s3daj0ifm8md4KQtk4

Илјадници обиди за шверц: Царината открила 6.994 случаи во 2025

Македонија | пред 6 месеци

media-libraryg6bu9lb752rgam7JdXg

Запленети златен накит, пестициди и маслиново масло - Царинарница Битола во 2025 година наплати 9,2 милијарди денари

Македонија | пред 6 месеци

media-libraryuh5dbn5elefq4Bsvzul

Царинарницата во Гевгелија лани наплатила 430 милиони, спречено криумчарење на дрога, накит, шапки и цигари

Македонија | пред 6 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања