Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски

Нискобуџетна авио-компанија повеќе нема да лета од Солун

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Магазин
media-librarykji0cv4e3l5n2E8et3t
фото: unsplash

Ирската авио-компанија Рајанер соопштила денес дека ќе ја затвори својата деловна единица на солунскиот аеродром Македонија.

— реклама —

Тие потврдиле дека за оваа одлука ги известиле своите вработени, пренесуваат грчките медиуми.

— реклама —

Оваа одлука следува по спор околу зголемувањето на аеродромските такси што ги наметнал операторот Фрапорт Грција, пренесува порталот Катимерини.

Иако таксите се утврдуваат на годишно ниво и се применуваат единствено за сите авио-компании, Рајанер настојувал како една од најголемите европски нискобуџетни авио-компании да ги одржи своите оперативни трошоци на најниско можно ниво.

— реклама —

Грчките медиуми пренесуваат дека оваа авио-компанија поднела жалба до Грчката управа за цивилно воздухопловство откако пред неколку месеци била известена за планираното зголемување на таксите, но нејзиното барање било одбиено.

— реклама —

Од тогаш се разгледува можноста за повлекување на Рајанер од Солун, каде што се наоѓаат три авиони на компанијата, а се вработени околу 200 луѓе, вклучувајќи пилоти и кабински персонал.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryccbvsdjasemia8W2AvY

Затворена делница кај Солун: ако одите на викенд, водете сметка за гужвата

Свет | пред 3 месеци

— реклама —
media-libraryuofcu9nivrb5djWzDm1

(Видео) Хорор во Солун: Пронајдени човечки остатоци завиткани во тепих, пластика и стара облека – сомнежи за сериски убиец

Свет | пред 4 месеци

media-library9ogo4s2mvdupdAeuqTC

Три приморски дестинации за краток одмор без гужви во февруари

Магазин | пред 4 месеци

media-librarymhn4g85cp2ns9QUuNtx

Рекордна прва година - солунското метро „избори“ 27 милиони патници

Свет | пред 6 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања