Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Нобеловиот комитет пред тешка одлука, ќе ја добие ли Трамп наградата за мир

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Свет
media-librarymv9n1kqkgton4nYof7S

Во Норвешка владее напнатост во очекување на објавата на добитникот на Нобеловата награда за мир, која ќе биде соопштена во петок. Дел од политичарите во земјата стравуваат дека евентуално не избирање на американскиот претседател Доналд Трамп би можело да влијае врз односите меѓу Осло и Вашингтон.

Иако членовите на Норвешкиот нобелов комитет ги назначува парламентот, комитетот делува целосно независно. Сепак, некои норвешки функционери стравуваат дека Трамп тоа не го разбира.

— реклама —

Според локални аналитичари, одлуката за добитникот е донесена уште во понеделник – три дена пред Израел и Хамас да го прифатат планот за прекин на огнот што го предложи Трамп. Поради временската рамка и составот на петчлениот комитет, експертите сметаат дека малку е веројатно Трамп да ја добие наградата.

Левичарската политичарка Кирсти Бергсте предупреди дека Норвешка мора да биде „подготвена на сè“.

— реклама —

Кога претседателот на САД се однесува непредвидливо и авторитарно, нормално е да бидеме внимателни“, изјави таа .

Шефот на Зелената партија Арилд Хермстад додаде дека независноста на Комитетот е она што ѝ дава кредибилитет на наградата.

— реклама —

Мирот не се заслужува со изливи на бес на социјалните мрежи, туку со постојана посветеност, рече тој, додавајќи дека иако Трамп го поддржал мировниот план за Газа, тоа не може да ги избрише неговите претходни поделби и поттикнување на насилство.

Директорот на Нобеловиот институт, Кристијан Берг Харпвикен, нагласи дека одлуките се „целосно аполитични“, но призна дека фактот што членовите ги назначува парламентот „понекогаш создава поинаков впечаток“.

Според директорката на Институтот за мировни истражувања во Осло (PRIO), Нина Грегер, најверојатни кандидати за наградата се Суданската служба за итни случаи, Комитетот за заштита на новинари (CPJ) и Меѓународната женска лига за мир и слобода (WILPF).

Иако Трамп направи чекори кон прекин на огнот во Газа, неговите претходни постапки, како повлекувањето од меѓународни институции и желбата да го купи Гренланд, не се во духот на Нобеловата волја, изјави Грегер.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryumbu21pcj1j54KMMoFP

Трамп размислува за укинување на санкциите за рускиот инвестициски фонд

Свет | пред 1 ден

— реклама —
zelenski-putin

Трамп најави средба Путин – Зеленски, но датумот сè уште не е познат

Свет | пред 1 ден

netanjahu

Израел на избори во сенка на војната, иднината на Нетанјаху неизвесна

Свет | пред 2 дена

media-librarynlf082n693g829fA5Ci

Трамп го нарече муслиманскиот демократ „џихадист“, критичарите оценуваат дека ја преминал границата

Свет | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања