Промени тема
Контакт

„Нов Клинички центар е само уште една лага на Мицкоски и поигрување со народот“, вели Младеновска

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
media-librarykmiifi855f0d0TT9lYo

На денешната прес-конференција, членката на Извршниот одбор на СДСМ, Рената Младеновска, обвини дека најавите на премиерот Христијан Мицкоски за изградба на нов Клинички центар претставуваат уште едно неисполнето ветување и обид за, како што велат, „замајување на јавноста“.

На прес-конференција, Рената Младеновска, истакна дека проектот за нов Клинички центар не бил реализиран поради блокадите на ВМРО-ДПМНЕ во периодот кога партијата била во опозиција.

„Во 2021 година ВМРО-ДПМНЕ поднесе над 2.000 амандмани за да ја закочи изградбата на новиот Клинички центар. Политичките интереси ги ставија пред здравјето на граѓаните“, рече Младеновска.

— реклама —

Таа оцени дека локацијата што сега ја предлага Владата е несоодветна за изградба на ваков комплексен здравствен објект, посочувајќи дека во непосредна близина се планирани и други големи инфраструктурни проекти. Според неа, стручната јавност подолг период укажува дека најсоодветна локација за нов Клинички центар е Ѓорче Петров.

Младеновска отвори и прашања околу постапката за обезбедување земјиште, прашувајќи по кој закон и врз основа на какви одлуки Владата преговара со приватни сопственици.

„Нема резултати, има само лажни ветувања. Сè ова е ставено во функција на изборите“, порача таа, додавајќи дека граѓаните веќе не им веруваат на најавите за големи проекти и инвестиции.

— реклама —

Од СДСМ велат дека јавноста заслужува транспарентност и конкретни решенија, наместо, како што наведуваат, нови предизборни ветувања без реална основа.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library1db99orhmt9h9zSOBu4

(Видео) Младеновска: Дали возачот бил само продолжена рака на Јанушев?

Македонија | пред 4 часа

media-library2t2mtu901fnqfncSAuf

(Видео) Младеновска: Клековски призна: „Црвените светла“ се запалиле предоцна во Гостивар - оставка веднаш!

Македонија | пред 1 месец

media-library377k8uh7ft7ld5pdLzu

Младеновска: Цените се веќе до плафон, наместо конкретни мерки Мицкоски само најавува

Македонија | пред 1 месец

media-library356b0e0bfrn07Y1Rxxp

Младеновска: Буџетот е празен – нема да има пари за пензии, загрозен е и вториот столб

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања