Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Нов масовен обид за влез во Сеута: пресретнати 148 мигранти

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 часа -

Свет
media-libraryv06a0t2fep237FmrqfK

Мароканските безбедносни сили во саботата спречиле обид на стотици мигранти, главно од субсахарска Африка, илегално да ја преминат границата кон шпанската енклава Сеута.

Интервенцијата се случила во ридско подрачје на околу три километри од границата, во близина на мароканскиот град Фнидек. Безбедносните сили употребиле солзавец, хеликоптери, дронови и полициски кучиња за да го спречат масовниот обид за преминување.

— реклама —

Според последните податоци, биле пресретнати 148 мигранти, од кои 128 биле лица од субсахарска Африка, а 20 биле марокански државјани. Двајца мигранти за шпанската телевизија ТВЕ изјавиле дека бегаат од војната во Судан.

Мароканските власти во изминатите денови уапсиле и 61 лице, осомничено дека преку социјалните мрежи поттикнувало и организирало илегална миграција. Најавено е продолжување на операциите за спречување на масовни обиди за преминување на границата.

— реклама —

Безбедносните мерки се засилени и во Фнидек и во областа околу Сеута. Мароканските власти поставиле и нова метална преграда висока околу четири метри, со бодликава жица, додека Шпанија во Сеута распоредила повеќе од 1.500 полицајци и припадници на Цивилната гарда.

— реклама —

Засилените мерки следуваат по претходен обид за масовно преминување на границата. Според шпански хуманитарни организации, најмалку 141 лице загинало пред две недели во обид пеш или со пливање да стигне до шпанската енклава.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-libraryo32rvlmtuehia4lXM51

(Видео) Марокански навивачи предизвикаа нереди во Холандија: „Победиле или загубиле, се однесуваат недолично“

Свет | пред 1 месец

media-librarygcl69kjdlmhp3rDXEUK

(Видео) Се урна зграда во Мароко: Најмалку 11 лица загинале, а шестмина се повредени

Свет | пред 2 месеци

sad-policija

Лезбијка барала азил во САД, депортирана во земја каде што хомосексуалноста е казнива

Свет | пред 5 месеци

media-librarynour270m1mm0cWvrkbO

Уапсените демонстранти во Мароко сведочат: Бевме претепани, оставени без вода и храна со саати“

Свет | пред 7 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања