Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Нов разурнувачки ураган ита кон Флорида со ветришта од 230 км/ч: на удар Мајами и Тампа

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Свет
150-830x0-1

Над западниот дел на Мексиканскиот залив се формира нова тропска бура, која набрзо прерасна во ураган. Ураганот Милтон добива на сила и се движи кон исток.

Во моментов минува северно од полуостровот Јукатан во Мексико, со ветрови од урагански сили, обилни врнежи и поплави.

— реклама —

На пат кон Флорида, ураганот ќе зајакне до бура од четврта категорија и ќе донесе бурно време на запад од Куба и Хавана долж неговата периферија.

Ураганот се движи директно кон Флорида и од Мексиканскиот залив ќе го погоди западниот брег.

— реклама —

Флорида сè уште се опоравува од разорниот ураган Хелен, кој пред десет дена ја опустоши северна Флорида и југоисточниот дел на Соединетите држави и уби повеќе од 190 луѓе.

Ветровите во ураганот ќе бидат над 230 км/ч непосредно пред да го погодат западниот брег на Флорида.

— реклама —

Се очекува ураганот директно да ја погоди Тампа, по Мајами, најголемиот град на Флорида, кој има повеќе од 2 милиони жители.

— реклама —

Се очекуваат големи разурнувања, поплави, високи бранови. Во самата Тампа ветерот ќе биде над 180 км/ч, а се очекува да наврнат повеќе од 300 литри дожд на метар квадратен.

Ураганот ќе ослабне додека ќе помине над централна Флорида понатаму на исток преку Атлантикот, но цела Флорида ќе биде погодена од силни ветрови и обилни врнежи, со закана од торнада, додека разорниот ефект на ураганот ќе се почувствува во централниот дел на западниот брег на Флорида и во централните области на оваа сојузна американска држава.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-libraryoq61v09l4jsueFI1PHw

(Видео) Херојска реакција на возачи во Флорида: заедно спасија жена која изгубила свест зад воланот

Вирално | пред 2 седмици

— реклама —
media-library2k5ip4dtoqka1J1GYRO

(Видео) Нови детали за трагичната несреќа со авион во Флорида: Објавени снимки од пилотската кабина

Свет | пред 2 седмици

media-library2k5ip4dtoqka1J1GYRO

„Ќе се срушиме!“: Последните зборови на пилотот пред трагедијата во Флорида

Свет | пред 2 седмици

media-libraryru33gus5snuq208c5cg

Девет лица загинаа во пад на приватен авион во станбена населба во Флорида

Свет | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања