Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Нов сет владини директори

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
mickoski-vlada-2

Во однос на кадровските решенија Владата на Република Северна Македонија донесе заклучок и му предложи на Собранието на ЕВН Електростопанство на Македонија, Акционерско друштво за дистрибуција и снабдување со електрична енергија, Скопје, од должноста член на Надзорниот одбор на ЕВН Електростопанство на Македонија, Акционерско друштво за дистрибуција и снабдување со електрична енергија, Скопје претставник на Владата да го отповика Златко Лазиќ, а за член на Надзорниот одбор да го избере Бојан Николовски.

— реклама —

На позицијата в.д директор на Управата за финансиска полиција се именува Слободан Ивановски. Ивановски е магистер по правни науки со положен правосуден испит. Има долгогодишно работно искуство во Управата за јавни приходи, а во моментот е претседател за Комисија за прекршоци на УЈП - Регионална дирекција Прилеп.

— реклама —
— реклама —

Џеват Селами, е именуван за вршител на должноста директор на Дирекцијата за заштита и спасување. Селами е дипломиран правник, членувал во повеќе работни група, бил професор во СУГС „Арсени Јовков“, а од 2013 до 2020 година бил раководител на одделение за управување со човечки ресурси, а во моментот е раководител на сектор во Дирекцијата за заштита и спасување.

— реклама —

Владата го разгледа Предлогот на Комисијата за разгледување на пријави од кандидати по објавениот Јавен оглас бр.07/2024 за именување на 1 (еден) член на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги и услуги на управување со комунален отпад на Република Северна Македонија и согласно член 18 од Законот за енергетика („Службен весник на Република Македонија“ бр. 96/2018 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.96/2019, 236/2022, 134/2024 и 147/2024), заклучи да му предложи на Собранието на Република Северна Македонија за член на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги и услуги на управување со комунален отпад на Република Северна Македонија да ја именува Елена Маркова Велинова.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library752h05roicf34cJytLV

Извештајот на ЕК за 2026 година тема на денешната дискусија во Владата: Во фокусот напредокот и реформите

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
media-library752h05roicf34cJytLV

Владата го усвои Предлог-ребалансот на Буџетот за 2026 година

Македонија | пред 1 месец

benzinska-benzin-nafta-

Продолжува мерката за намалено ДДВ за дизелот до 12 октомври

Македонија | пред 1 месец

media-libraryrvnv9su2jj953qKCRwJ

Владата донесе одлука: Се намалува ДДВ-то за горивата од 18 проценти на 10 проценти

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања