Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Нов спор меѓу Варшава и Киев: Полска бара одземање на орденот на Зеленски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Свет
media-libraryg8tf4rvi3utldkAVnRX

Полскиот претседател Карол Навроцки најави дека ќе покрене постапка за одземање на највисокото полско државно одликување на украинскиот претседател Володимир Зеленски, по одлуката на Киев една украинска воена единица да го добие почесниот назив „Херои на УПА“.

Според полскиот портал „Онет“, Навроцки изјавил дека предложил ова прашање да биде ставено на дневен ред на седницата на комисијата за Орденот на Белиот орел, закажана за 8 јуни.

— реклама —

„Предложив една од точките да биде одземање на одликувањето на претседателот Володимир Зеленски“, изјавил Навроцки пред новинарите.

Спорот избувна откако Зеленски одлучи елитната украинска единица „Север“ да го носи почесниот назив „Херои на УПА“, односно Украинска востаничка армија.

— реклама —

Навроцки оцени дека ваквата одлука ѝ дава аргументи на руската пропаганда и дополнително ги продлабочува историските тензии меѓу Полска и Украина.

„Претседателот Зеленски ѝ обезбеди најдобар материјал и многу кислород на руската пропаганда“, изјави полскиот претседател.

— реклама —

Реагираше и полското Министерство за надворешни работи, од каде соопштија дека одлуката на Киев „го навредува сеќавањето на жртвите на таа организација и го поткопува дијалогот меѓу двата народа“.

Зеленски, пак, претходно изјави дека одлуката има цел да ги обнови „историските традиции на националната армија“ и да ја признае улогата на единицата во одбраната на независноста и територијалниот интегритет на Украина.

— реклама —

Орденот на Белиот орел му беше доделен на Зеленски во 2023 година од тогашниот полски претседател Анджеј Дуда, како признание за одбраната на Украина од руската инвазија и за блиското партнерство меѓу Варшава и Киев.

Според полските закони, државно одликување може да биде одземено доколку се утврди дека добитникот извршил дела што го прават недостоен за таа чест, но за таква одлука е потребна формална постапка и одобрување од полскиот премиер.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library7njld19fesuabfYGi6y

Зеленски најави нови кадровски промени во украинските вооружени сили

Свет | пред 2 дена

— реклама —
media-library7njld19fesuabfYGi6y

Зеленски подготвен за средба со Путин во Турција

Свет | пред 1 седмица

media-library7njld19fesuabfYGi6y

Зеленски е подготвен лично да разговара со Путин за територијалните прашања

Свет | пред 1 седмица

media-librarytlcqb15n5hba1m2XP36

Зеленски во сабота ќе оди во Турција, каде што ќе разговара со Ердоган за војната во Украина

Свет | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања