Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Нов закон во Канада: Тинејџерите под 16 години без профили на социјалните мрежи

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Свет
zabrana

Канада им се придружи на Австралија, Индонезија и Малезија во воведувањето ограничувања за користење на социјалните мрежи од страна на малолетниците, откако беше претставен новиот Закон за безбедни социјални медиуми.

— реклама —

Со законот, кој го предложи канадскиот министер за идентитет и кулура Марк Милер, на лицата помлади од 16 години ќе им биде забрането да отвораат и користат профили на социјалните мрежи.

Покрај старосните ограничувања, новите правила предвидуваат платформите да ги дизајнираат своите услуги така што ќе бидат побезбедни за децата. Од нив ќе се бара да отстрануваат дипфејк содржини, како и материјали што сексуално ги експлоатираат децата или повторно ги трауматизираат жртвите.

— реклама —

Законот воведува и задолжителни ознаки за содржини создадени со вештачка интелигенција, јасни механизми за пријавување штетни објави и алатки за блокирање на корисници со цел да се спречи понатамошна изложеност на опасни содржини.

— реклама —

Иако воведува ограничувања за социјалните мрежи, законот не се однесува директно на услугите за чет-ботови базирани на вештачка интелигенција. Сепак, платформите што нудат вакви услуги ќе мора да преземат мерки за намалување на ризикот од ширење штетни содржини и да воведат итни процедури за постапување во кризни ситуации.

Деталните правила ќе ги утврдува новоформираната Комисија за дигитална безбедност на Канада, која ќе биде задолжена за спроведување на прописите и ќе може да одобрува исклучоци за платформите што ќе докажат дека имаат доволно заштитни механизми за малолетните корисници.

— реклама —

Новите мерки доаѓаат во време кога сè повеќе држави се обидуваат да воспостават построга контрола врз дигиталниот простор и да ги заштитат децата од потенцијално штетните влијанија на интернет.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library2vs9hukvs1ilbcxd8tt

Канада сака подобри односи со Кина, но нема да толерира мешање во нејзините внатрешни работи

Свет | пред 3 дена

— реклама —
media-library5jlgbugune837GdmLbP

По 55 години Канада ја укинува програмата со кучиња трагачи во Карпестите Планини

Свет | пред 2 седмици

media-library2vs9hukvs1ilbcxd8tt

Канада прифати придружено членство во ЕУ, деталите треба да бидат утврдени до јуни 2027 година

Свет | пред 2 седмици

media-librarym6jdm66mog2la3xreoX

Најмалку седум загинати во голем пожар во канадска воена база, десетици повредени

Свет | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања