Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Нов Зеланд евакуира илјадници жители поради силна циклонска бура

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Свет
media-librarypmo0ppsdgpp48U5hyyM

Илјадници жители на Северниот Остров во Нов Зеланд се евакуираат поради најавената циклонска бура Вајану, која според прогнозите може да предизвика сериозни поплави и свлечишта.

— реклама —

Државниот метеоролошки завод предупреди дека бурата, проследена со силни врнежи и ветрови со брзина до 130 километри на час, се очекува да ја погоди земјата во недела, а потоа да се движи западно од островите Чатам.

Во неколку региони веќе е прогласена вонредна состојба, додека во градот Вакатане, со околу 37 илјади жители, властите наредија евакуација.

— реклама —

Граѓаните се повикани да ги напуштат своите домови најмалку два дена, поради ризик од свлечишта, покачување на нивото на морето, како и бранови кои може да достигнат висина до 13 метри.

— реклама —

Премиерот Кристофер Луксон предупреди на сериозноста на ситуацијата и ги повика граѓаните да се подготват.

„Проверете ги одводите, внимавајте на соседите и подгответе се за можни прекини на струјата“, изјави Кристофер Луксон.

Циклонот Вајану потсетува на разорната бура Габриел од 2023 година, која однесе 11 животи и расели илјадници луѓе, оставајќи длабоки последици во земјата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryl4aknjhs96479Yh1QRJ

Земјотрес со јачина од 5,1 степен го погоди Нов Зеланд

Свет | пред 1 седмица

— реклама —
woman-using-smartphone-technology

Нов Зеланд сака да им забрани социјални мрежи на деца под 16 години

Свет | пред 1 месец

media-libraryhem1jufuacp22FZF6Z6

(Видео) Поларен бран го погоди Нов Зеланд: Снег, затворени патишта и училишта

Свет | пред 2 месеци

media-libraryoup7bj077b9s2G7sSPd

Земјотрес од 5,9 степени го потресе Нов Зеланд

Свет | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања