Промени тема
Контакт

Нов Зеланд им забрани на младите генерации да купуваат цигари - сега ја повлекува одлуката

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Свет
cigari

Нов Зеланд го укинува новиот закон кој требаше да ги спречи сите родени по 2008 година да купуваат цигари или тутунски производи. Законот беше усвоен од парламентот на крајот на минатата година, а требаше да стапи на сила во јули, пишува Sky News.

Но, дојде до промена на политиката - новата коалициска влада потврди дека овој закон се укинува. На изборите одржани на 14 октомври минатата година победи Конзервативната национална партија со што заврши шестгодишниот период на владеење на лабуристите и формираше коалиција.

— реклама —

Помошникот министер за здравство Кејси Костело рече дека коалицијата останува посветена на намалувањето на пушењето, но има поинаков регулаторен пристап.

„Наскоро ќе презентирам пакет мерки до Кабинетот за зголемување на достапните алатки за да им се помогне на луѓето да се откажат од пушењето“, рече таа.

— реклама —

Стапката на пушење во Нов Зеланд е на најниско ниво на сите времиња. Владините статистики објавени во ноември покажуваат дека само 8% од возрасните пушат дневно, што е помалку од 9,4% минатата година. Новиот закон требаше да ја намали разликата во животниот век меѓу Маори и другите жители. Имено, статистиката покажува дека дури 19,9% од населението Маори консумира тутунски производи на дневна основа.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

woman-using-smartphone-technology

Нов Зеланд сака да им забрани социјални мрежи на деца под 16 години

Свет | пред 1 седмица

media-libraryhem1jufuacp22FZF6Z6

(Видео) Поларен бран го погоди Нов Зеланд: Снег, затворени патишта и училишта

Свет | пред 1 месец

media-libraryoup7bj077b9s2G7sSPd

Земјотрес од 5,9 степени го потресе Нов Зеланд

Свет | пред 1 месец

media-libraryqcp37k1hn1m53rpPtGe

(Видео) Катастрофа на Нов Зеланд: Поплави и свлечишта оставија илјадници без електрична енергија

Свет | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања