Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Нова тревога на источното крило на НАТО: Соборен дрон над Латвија, се сомневаат во руско електронско војување

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Свет
bespilotni-letala
Илустрација

Борбени авиони на НАТО соборија дрон кој во текот на ноќта навлегол во воздушниот простор на Латвија, соопштија латвиските национални вооружени сили. Инцидентот предизвикал краткотрајна воздушна тревога во повеќе региони во источниот дел на земјата.

— реклама —

Според латвиската војска, дронот навлегол во воздушниот простор како последица на руско електронско војување, односно попречување на неговата навигација. По регистрирањето на леталото биле активирани борбените авиони на НАТО, кои ја извршуваат мисијата за воздушно патролирање над балтичките земји, по што дронот бил соборен.

— реклама —

Поради инцидентот биле издадени предупредувања за можната воздушна опасност во областите Балви, Резекне, Преили, Аугшдаугава и Алуксне. Предупредувањата биле укинати околу 4:50 часот, откако заканата била отстранета.

Латвиските власти соопштија дека истрагата за инцидентот е во тек. Засега не се објавени детали за видот на дронот, неговото потекло, ниту за местото каде што паднале остатоците.

— реклама —

Во меѓувреме, Финска привремено вовела ограничувања на воздушниот и поморскиот сообраќај во источниот дел на Финскиот Залив поради можната опасност од дронови.

— реклама —

Инцидентот се случил по украинските напади со дронови врз областа на Санкт Петербург. Гувернерот на Ленинградската област, Александар Дрозденко, соопшти дека нападите предизвикале пожар во нафтеното пристаниште Уст-Луга.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

nato-mrezi

НАТО предупредува: Во случај на војна во Европа може да нема доволно гориво за воените авиони

Свет | пред 7 часа

— реклама —
mark-rute-1

Руте: Русија месечно губи над 40.000 војници во војната во Украина

Свет | пред 1 ден

nato-zastava

НАТО ја менува воената стратегија: Русија станува главен приоритет

Свет | пред 2 дена

Screenshot-2022-02-26-at-23.58.02

НАТО го предупредил Зеленски: Трамп може да ги запре испораките на американско оружје

Свет | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања