Промени тема
Контакт

Нови 770 квадратни метри за учениците во Хром: Почна доградбата на ООУ „Димитар Беровски“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Скопје
media-libraryjo93v63rmdtq6VELKa7

Општина Ѓорче Петров продолжува со инвестициите во образовната инфраструктура. Во населбата Хром денес беше поставен камен-темелник за доградба на ООУ „Димитар Поп Георгиев Беровски“, во присуство на премиерот Христијан Мицкоски, министерката за образование и наука Весна Јаневска, претставници на локалната самоуправа, наставници, ученици и родители.

Со реализацијата на проектот, училиштето ќе добие осум нови училници и 770 квадратни метри дополнителен простор, со што ќе се подобрат условите за изведување на наставата и ќе се создадат предуслови за организирање едносменска настава.

— реклама —

Од Општина Ѓорче Петров посочуваат дека ова е трето училиште кое добива доградба во период од само еден месец, што, според нив, е доказ за посветеноста кон унапредување на образовниот процес и создавање современи услови за учениците и наставниот кадар.

„Продолжуваме со силно темпо да вложуваме таму каде што најмногу вреди – во децата, во училиштата и во иднината на Ѓорче Петров. Доградбата на ООУ „Димитар Беровски“ е уште еден конкретен резултат од нашата посветеност да обезбедиме подобри, посовремени и поквалитетни услови за образование“, порача градоначалникот.

— реклама —

Од локалната самоуправа додаваат дека и во иднина остануваат фокусирани на реализација на капитални проекти, со посебен акцент на образованието, инфраструктурата и подобрувањето на квалитетот на живот на граѓаните.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

evn-ptici-struen1

Дел од Ѓорче Петров без струја, не работат ниту семафорите

Скопје | пред 2 часа

media-library8l8hsqk7bj15c1plvPm

Нова фитнес зона во ООУ „Мирче Ацев“ во Општина Ѓорче Петров

Скопје | пред 4 седмици

media-library5b65qemhpef9fLYcR2q

Фотоволтаични системи на сите основни училишта во Ѓорче Петров

Скопје | пред 1 месец

media-library0e095eprldu3d8lwA7O

Општина Ѓорче Петров: Бесплатен ранец, финансиска поддршка и ужинка за секое прваче

Скопје | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања