Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Нови досиеја откриваат: Принцот Ендру свесно споделувал доверливи информации со Епстајн

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Свет
media-library0k36dee50th57bH66s0

Ендру Маунтбатен-Виндзор, поранешен британски принц, свесно споделувал доверливи информации со осудениот сексуален престапник Џефри Епстин од својата официјална работа во 2010 и 2011 година. Тоа го пренесе Би-Би-Си, повикувајќи се на досиеја објавени од Министерството за правда на САД.

Како што се наведува, електронските пораки од неодамна објавената група досиеја на Епстин покажуваат дека поранешниот принц пренесувал извештаи за посетите на Сингапур, Хонг Конг и Виетнам, како и доверливи детали за инвестициски можности.

— реклама —

Електронските пораки укажуваат дека на 7 октомври 2010 година Ендру му испратил на Епстин детали за своите претстојни службени патувања како во Азија, каде што бил придружуван од деловни соработници на Епстин.

По патувањето, на 30 ноември, како што се наведува, му ги проследил на Епстин официјалните извештаи од тие посети што му ги испратил неговиот тогашен специјален асистент Амит Пател, само пет минути откако ги примил.

— реклама —

Ендру за Би-Би-Си во 2019 година изјави дека последен пат го видел Епстин во Њујорк на почетокот на декември 2010 година за да го извести дека го прекинува пријателството.

— реклама —

Меѓутоа, кон крајот на декември испратил електронска порака до Епстин со доверлив брифинг за инвестициски можности во обновата на провинцијата Хелманд во Авганистан, која во тоа време била под надзор на британските вооружени сили и финансирана со средства од британската влада.

Дотогаш Епстин веќе бил осуден сексуален престапник, потсетува Би-Би-Си.

— реклама —

Во понатамошна електронска порака од 9 февруари 2011 година, Ендру сугерирал дека Епстин би можел да инвестира во приватна инвестициска компанија што ја посетил една недела претходно.

На Ендрју минатиот октомври му беа одземени кралските титули поради сè поголемиот број прашања за неговите врски со Епстин, кој почина во 2019 година.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryphp1ntvsuipd2hhSb2O

Нови обвинувања против Џефри Епстин: Две жени тврдат дека ги злоупотребувал во престижно уметничко училиште

Свет | пред 1 седмица

media-libraryphp1ntvsuipd2hhSb2O

Поранешна асистентка на Епстајн: ги контролираше жените со манипулации, закани и финансиска зависност

Свет | пред 3 седмици

gejts7777

Бил Гејтс пред Конгресот: Средбите со Епстин беа сериозна грешка

Свет | пред 2 месеци

media-libraryl980ocllcbiqaNCVygE

Судот ја отфрли тужбата на Трамп против Волстрит журнал

Свет | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања