Општина Ѓорче Петров обезбеди 30 нови персонални компјутери за основното училиште „Мирче Ацев“, со што се подобруваат условите за изведување на наставата по информатика и се овозможува секој ученик да работи на сопствен компјутер во рамки на информатичкиот кабинет.
Станува збор за активност насочена кон унапредување на условите за настава и подобрување на пристапот до дигитални технологии за учениците.
Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски, посочи дека општината продолжува со инвестиции во образованието и создавање современи услови за учење.
Инвестициите во образованието се инвестиции во иднината. Нашата цел е учениците да имаат подобри услови за настава и можност да стекнуваат знаења и вештини кои ќе им бидат потребни понатаму, изјави Стојкоски.
Од Општината информираат дека до крајот на годината сите основни училишта во Општина Ѓорче Петров ќе добијат современи кабинети по информатика, како дел од континуираните активности за подобрување на образовната инфраструктура.