Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Нови мерки на Европска комисија за ограничување на доминацијата на Google

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Свет
104637042-GettyImages-513101776

Европската комисија предложи нови мерки со кои Google ќе треба да им овозможи на конкурентските пребарувачи пристап до податоците од пребарувањата, со цел усогласување со Законот за дигитални пазари.

— реклама —

Предлогот опфаќа и податоци поврзани со чет-ботови базирани на вештачка интелигенција, како и функции за пребарување, при што се предвидуваат строги правила за обемот, начинот и зачестеноста на споделувањето на податоците.

— реклама —

Од Европска комисија наведуваат дека мерките вклучуваат и механизми за заштита на приватноста, особено преку анонимизација на личните податоци, како и јасни процедури за пристап до информациите и утврдување на нивната цена.

Од компанијата, пак, реагираа дека ќе се спротивстават на овие барања, оценувајќи дека тие ги надминуваат дозволените граници и може да ја загрозат приватноста на корисниците.

— реклама —

Целта на предложените правила е да им се овозможи на другите онлајн пребарувачи да ги подобрат своите услуги и да ја оспорат доминантната позиција на Google на пазарот.

— реклама —

Заинтересираните страни имаат рок до 1 мај да достават мислења за предлог-мерките, по што се очекува конечната одлука да биде донесена во јули.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library851tjhhenkmca40ntaI

Калас сака да ја претставува ЕУ во преговорите за Украина: Русите не ме сакаат на преговарачката маса

Свет | пред 16 часа

— реклама —
media-libraryvlcovd7qrkhh8btbTjp

ЕУ бара место на преговарачката маса, Кремљ вели дека е подготвен за дијалог

Свет | пред 21 час

gradeznistvo-1024x448

Становите во Европа стануваат сè понедостапни: Цените растат побрзо од платите

Свет | пред 4 дена

grozje-1-500x330-1

ЕУ повторно размислува за укинување на забраната за шест американски сорти грозје

Свет | пред 5 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања