Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

„Нови поскапувања на храната и раст на трошоците за живот, вистината е дека народот нема пари“, велат од СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Македонија
media-libraryr2fpr1d4h6jr1cArv3e

СДСМ преку соопштение обвини дека најновите статистички податоци покажуваат влошување на животниот стандард на граѓаните и ги отфрли тврдењата на Владата за економски успеси.

— реклама —

Од партијата велат дека реалноста со која се соочуваат граѓаните е поинаква од владините оценки, посочувајќи дека цените на храната, превозот и останатите секојдневни трошоци продолжуваат да растат.

Според СДСМ, трошоците на животот во мај годинава се зголемени за 4,8 проценти во однос на истиот месец минатата година, додека цените на мало пораснале за 5,6 проценти.

— реклама —

„Платите не растат доволно брзо за да го следат поскапувањето, а нема ниту нови мерки за заштита на животниот стандард на граѓаните“, наведуваат од партијата.

— реклама —

Од СДСМ посочуваат дека зголемените цени на храната, сметките и превозот претставуваат сè поголем товар за семејните буџети, додека синдикалната потрошувачка кошничка бележи постојан раст.

Партијата оценува дека куповната моќ на граѓаните опаѓа и дека официјалните статистички показатели покажуваат оти животот е поскап во споредба со пред една година.

— реклама —

„Бројките јасно покажуваат дека животниот стандард се намалува, а граѓаните се соочуваат со сè поголеми финансиски предизвици“, наведуваат од СДСМ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryeuq4jrnkcll31UrbjKu

„За Алта банка Савески да почне од Мицкоски и Славески – сметките и трансакциите мора да се испитаат веднаш“, вели СДСМ

Македонија | пред 41 минута

— реклама —
media-library3aajff2mnjk379UVxvN

„Постојат ли 80 милиони евра во Алта банка Битола и во кое својство преговара Мицкоски?“, велат од СДСМ

Македонија | пред 1 ден

media-libraryvosnvn9kcs6604GYNY3

„Славески, имаш уште малку време да го пријавиш Мицкоски, потоа ќе биде касно!“, вели СДСМ

Македонија | пред 1 ден

media-librarymg9pbfsb39nqdl0fWU1

СДСМ: Ги поддржуваме војниците – ќе поднесеме законско решение за нивните барања

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања